НАЧИН & УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ

Прочитајте ги информациите и правилата поврзани со уплата на аранжмани и услуги.


Цените на веб страната се изразени во Евра (освен ако не е дефинирано поинаку), додека плаќањето се врши исклучиво во денари по курс од 62,0 мкд за 1 еур.

Со пријавување и склучување на договор за аранжман, клиентот е потребно да изврши авансна уплата во висина од од 30% од вкупниот износ на аранжманот, освен во ситуации кога според програмските услови е предвидено поинаку (на пример за промотивни понуди, ран букинг, акции, специјални промоции, итн.). Преостанатиот износ се плаќа согласно програмата, но не подоцна од 15 дена пред патување.

Плаќање на рати БЕЗ камата е овозможено со кредитните картички на Стопанска Банка и НЛБ Банка – максимум до 6 рати, за повеќе ќе биде пресметана банкарска камата.


Резервации и уплати може да се вршат на следниот начин:

 

1. Директно во  канцелариите на Аурора 

» Во кеш со денарска уплата

» Безготовински со платежна картичка (Visa, Master, Maestro, Diners)

 

2. Електронски (онлајн) со платежни картички преку веб страната на Аурора Турс.

»  Електронско плаќање со картици


3. Банкарски трансфер на некоја од сметките на Аурора Турс.


4. Преку партнерската мрежа од агенции (субагенти) на Аурора Турс.

 

5. Преку административна задршка од плата - за компании, институции и синдикати со кои Аурора Турс има склучено договор.

 

Аурора Турс го задржува правото да изврши промена и/или дополнување на условите за плаќање.