АНТАЛИЈА - ТУРЦИЈА

АНТАЛИЈА 

Град кој ја нуди мистиката на минатото во современ анбиент. Оваа Турска Ривиер ја красат природни убавини и богато историско наследство. Се наоѓа во западниот дел на Медитеранскиот брег на Турција и е вистинско рајско место во кое сезоната трае  8 – 9 месеци.
Кога ќе дојдете Анталија - бисерот на таканаречената Турска Ривиера, ќе забележите дека е поделен на два дела: еден современ, со широки улици и булевари, модерни станбени згради, богат со најразлични содржини за ноќен живот..; додека другиот дел е стар град, Калеиџи, изгграден окулу старото пристаниште и денеска претворен во туристичко срце на градот. Во Римско време бил опкружен со ѕидини а денеска таму ќе најдете тесни, поплочени улички, стари турски куќи, џамии, анови, амами..повеќето со сочуванавтентичен изглед каков штоимале во времето на изградба. Голем број на ресторани, кафулиња, слаткарници и клубови се наоѓаат во стариот дел Калеиџи кој е и културен центар на градот и во кој се одржуваат најразлични уметнички манифестации. Во Анталија е се наоѓа главниот аеродром кој го опслужува туризмот во овој дел на Турција.


ТУРЦИЈА • АНТАЛИЈА АВИОН

Луксуз, раскош, беспрекорно испланирани „All Inclusive“ концепти во одлични хотелски комплекси со разновидни содржини, изразени природни контрасти, мистиката на Ориентот...Ова е дел од адутите на Турската Ривиера.
Со години наназад Турција важи за една дестинација со можеби најобемен избор на квалитетни хотели и традиционална одлична услуга, поради што со право е меѓу најбараните и најатрактивните дестинации во регионот.  Доколку сте во онаа категорија на туристи кои преферираат хотели со разновидни и богати содржини, сместени на долги, песочни плажи – Ви препорачуваме летување во Аланија, Лара, Сиде, Белек или Кемер - Изборот на хотели е огромен а цените и условите за резервација најдобри.


FIRST MINUTE ПОПУСТИ & ПРОМОЦИИ

Со Чартер лет Ве носиме дирекно до Анталискиот брег. Искористете ги големите Early Booking попусти за рани - "First Minute"  резервации. Следете ја нашата понуда редовно за најактуелните цени, понуди, промоции, Last Minute акции...