БУГАРИЈА ЗИМА 2019/2020
Бугарија е држава во југоисточна Европа која граничи со Грција и Турција на југ, Србија и Македонија на запад и Романија на север. Главен град е Софија. Таа е една од најстарите европски земји, основана уште во 681 година. Бугарија ја красат прекрасни планини, убави песочни плажи покрај Црното Море, историски познати стари градови, антички културни и религиозни споменици, лозја и винарии, одлична традиционална храна и, пред сè, гостопримливи и добри луѓе. Во последниве години, Бугарија стана многу позната по брзиот развој на туризмот како долж брегот на Црното Море, така и во веќе добро познатите ширум Европа ски-центри Банско, Боровец и Пампорово.
Во Бугарија се изградени 12 скијачки центри, а секако најпознатите модерни скијачки центри се: Боровец, Банско и Пампорово, кои не се далеку зад европските скијачки центри во однос на квалитетот на хотелите, услугите и скијањето, и секако се значително поевтини. Модерните  системи на патеки и ски-лифтови, широката понуда на нови и луксузни хотели со спа-центри, поволното и квалитетно апартманско сместување, природната убавина, боровите шуми, исклучителната планинска клима со многу снег и сончеви денови, ја рангира Бугарија како дестинација со најпопуларните ски-центри во Источна Европа. И оваа зима, во богатата зимска понуда на Аурора Турс, ќе пронајдете за вас, за вашето семејство и друштво, поволни ски пакети и аранжмани, и ќе патувате и скијате во некој од бугарските ски центри.


SONCEV BREG