МЕКСИКО • КАНКУН • ЈУКАТАН • ЧИЧЕН ИЦА

Аурора Турс успешно ја организираше и реализираше првата македонска туристичка група во Мексико.

 

Мексико се смета за една од најпопуларните туристички дестинации. Испреплетеноста на традиционалниот со модерниот живот овозможува Мексико да нуди многу разновидности - уникатни археолошки локалитети од древни цивилизации и населби на Маите и Ацтеките; мали  колонијални градови со зачувана  архитектура уште од времето на шпанските освојувачи, но и големи и модерно развиени градови; пустини, тропски прашуми, планини, вулкани, песочни плажи...

Културата на Маите била особено присутна и се развивала на Јукатан - полуостров лоциран на југоисточната страна од Мексико, помеѓу Мексиканскиот Залив на север и Карипското Море на Југ. Во оваа област Маите го достигнале зенитот во својот супериорен степен на развој, по што нивната цивилизација и влијанија ги прошириле се до Централна Америка. Остатоците од нивните номадски населби датираат од 1.500 година п.н.е. и сведочат за маестралните градежни техники, како и за напредните математички и астрономски познавања. Тие развиле структура на пишување користејќи симболи и хиероглифи, преку што успеале да ги овековечат нивните гледишта на работите, светоти животот.

  

Канкун е град во Мексико кој од мало село се разви во едно од најпрестижните дестинации во тој дел од светот.
Се наоѓа на североисточниот дел од полуостровот Јukatan, во сојузната држава Kintana Ro, на 22км долг полуостров опкружен со водите  на Карипското Море. Канкун е поделен на два дела-елитно туристичка, хотелска зона лоцирана по должина на плажите од полуостровот; и градската зона со модерни булевари, ресторани, продавници, пазари и места каде циркулира животот на локалното население.
Канкун е одлично место за љубителите на забавата и ноќниот живот, но има многу пријатни и мирни места за туристите кои преферираат спокоен тропски одмор, особено во околните туристички места како на пример Playa del Carmen. Освен по долгите бели песочни плажи и забавата, овој туристички регион е особено атрактивен поради блискоста до значајните локалитети од историјата на Маите, како што се Тулум, Чичен Ица, Ушмал, Коба, итн...

 



ТУРА ПО СТАПКИТЕ НА ДРЕВНИТЕ МАИ И ОДМОР НА БЕЛИТЕ ПЕСОЧНИ КАРИПСКИ ПЛАЖИ ВО КАНКУН
06.12.2019 – 17.12.2019  (9ноќи / 11 дена)
 
Kukulcan,_Chichén_Itzá.jpgheader-gop-full.jpglarge_tour-xelha-tulum-4.jpggrad-maja-uxmal-meksiko-45.jpg
 
Програма на патување:
 
1 ДЕН  (06.12.2019 - петок) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – КАНКУН
Состанок на патниците нa аеродромот „Скопје“ во 06:50 часот. Полетување за Истанбул  во 08:55 часот со лет ТК1004. Пристигнување во  Истанбул во 12:25 часот. Полетување за Канкун во 21:45 часот со лет TK181. 
 
2 ДЕН (07.12.2019 - сабота) KАНКУН
Пристигнување во Канкун во 08.40 часот ( локално време). По завршување на пасошка и царинска контрола, трансфер до хотелот во центарот на Канукун. Сместување во соби според правилата на хотелот. Слободно време за одмор, уживање на плажа или за индивидуални разгледи. Ноќевање
 
3 ДЕН (08.12.2019 - недела) KАНКУН - ТУЛУМ - КОБА – МЕРИДА
По појадокот  со спакуван багаж заминување од Канкун до Мерида, попатна посета на Тулум во јужниот дел на Канкун. Овој град на Маите, изграден по крајбрежјето, бил значаен за големата трговска мрежа што Маите ја воспоставиле со Централна Америка. По ова се упатуваме кон Коба, најголемиот град на Маите, на полуостровот, кој бил комерцијален управувач на своето време со огромна мрежа на патеки, каде најдолгата е 100 километри, поврзувајќи ја локацијата со други важни градови на своето време. Се сместуваме во хотел во  Мерида. Ноќевање  
 
4 ДЕН (09.12.2019 - понеделник) МЕРИДА - КАБАХ - УКСМАЛ - МЕРИДА
По појадокот заминуваме кон Уксмал, град на Маите кој бил  три пати изграден  на јужниот дел на Јукатан подобро познат како "Puuc region" Маjски збор за "планински венец". Куќата на гувернерот и храмот на волшебникот се сметаат за архитектски  чуда, од експерти за нивната прецизна конструкција и убавина. Незаборавно искуство во текот на прошетката во еден од најубавите и најдекориран град што некогаш го изградиле Маите. Каба, исто така, е дел од " Puuc region " се карактеризира со истакнување на "Chaac", богот на дождот, кој е почитуван, магичен  и евоциран преку магичното повторување на оваа слика. Враќање во Мерида. Ноќевање
 
5 ДЕН (10.12.2019 - вторник) МЕРИДА - ЧИЧЕН ИЦА - ВАЉАДОЛИД - КАНКУН
По појадокот со спакуван багаж продолжуваме со турата. Во текот на враќањето кон Канкун ќе го посетиме археолошкиот локалитет  Chichen Itza, " Mouth of the well of the Itzaes ", со својата импресивна градба: прекрасниот замок или пирамида од Кукулкан, што е одличен пример за напредната цивилизација која живеела таму и ‘’Ball court’’. Опсерваторијата и ‘’Sacred well will of breathtaking’’. Како последна станица пред враќањето назад во Канкун или Ривиера Маја, ќе го посетиме Ваљадолид, кој бил колонијален град основан во 1543 година. Пристигнување во Канкун, сместување во хотел, вечера и ноќевање.
 
6 – 10 ДЕН (11.12.2019 – 15.12.2019 – среда до недела) КАНУКН
 Слободни денови, време за одмор и индивидуални активности.  Слободно време -  Пливање, масажи, убави плажи, бел песок, тиркизни, топли води, феноменален зајдисонца и екскурзии, ќе направат да се чувствувате како неверојатно. Време резервирано исклучиво за уживање! Можност за организирање на факултативни екскурзии:
 
11 ДЕН (16.12.2019 – понеделник) КАНКУН – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок, одјавување на собите. Трансфер за на аеродром. Лет кон Истанбул ТК181 во 10:10. Пристигнување во Истанбул на 17.12.2019(вторник) во 06:15. Лет за Скопје на 17. Декември со лет ТК1003 во 08:30, пристигнување во Скопје во 08:00 часот.
 
 

ХОТЕЛ 4* / Oasis Palm 4* - Канкун

ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ

06.12.2019 – 17.12.2019  

ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ

07.12.2019 – 16.12.2019

УСЛУГИ

3BB + 6AI

НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ

9Н / 11Д

Цена по лице во двокреветна соба за резервации до 20.Јуни.2019

1795€ / 111.290мкд

Цена по лице во 1/2 соба со ВКЛУЧЕНИ аеродромски такси 1955€ / 121.210мкд

Попуст за трето возрасно лице

- 30 € /  - 1.860 мкд

Доплата за еднокреветна соба

395€ / 24.490мкд

 
 
Цената влучува: 
• Авионски превоз Скопје – Канкун – Скопје,  со вклучени аеродромски такси.
• 3 ноќевања во Хотели со  4*на база ноќевање со појадок (1 град Канкун + 2 во Мерида).
• 6 ноќевања во Oasis Palm 4* на база All Inclusive.
• Кружна тура по стапките на Маите, со вклучени посети на аерхелошките локалитети, вклучително со ЧИЧЕН ИЦА.
• Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром   
• Техничко водство / Пратител на групата, доколку групата е над 15 патници.
 
Цената не влучува: 
• Влезна виза за Мексико (се вади во Белград, за повеќе информации ве молиме обратете се во Агенција);
• Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата
• Задолжително патничко осигурување
• Факултативни излети
• Бакшиши за локалните возачи и водичи
 
Забелешки
• Минималниот број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 15.
• Организатор на ова патување е AУРОРА Турс.
• За резервации потребен е аванс од минимум 40% од вкупнот износ на аранжманот.
• Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот.
• Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
• Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.