ШПАНИЈА - КОСТА БРАВА & БАРСЕЛОНА

Долги песочни плажи, топли и бистри води на Средоземното Море, забава, тапас, сангриа, фламенко, Барселона...​

 

Покрај обалата на Коста Брава се наоѓаат некои од најпознатите и најпосетувани летувалишта близу Барселона - Калеја, Санта Сузана , Пињеда Де Мар, Малграт Де Мар, Лорет Де Мар...

» Погледнете ја понудата и пронајдете го Вашиот идеален пакет аранжман


 

ШПАНИЈА • КАТАЛОНИЈА • КОСТА БРАВА

Коста Брава е најпознатото и најпосетувано летувалиште во Шпанија со брег долг окулу 40км. Се протега северно од Барселона кон Франција. Во нашата понуда ќе ги најдете најпопуларните летувалишта во овој дел од  Шпанија - Калеја, Санта Сузана , Пињеда Де Мар, Малграт Де Мар, Лорет Де Мар...
Брегот на Каталонија не го сочинуваат само долгите, урбани песочни плажи полни со туристи, нас многу повеќе не фасцинираа скриените заливи и прекрасната природа за која најверојатно не сте слушнале баш многу. Северот на Коста Брава е неизбрусен дијамант на Западниот Медитеран. Најубавиот дел на овој брег,  Плажата на златниот триаголник, успеал да ги сочува шармот и убавината на старите пристаништа и рибарските  населби познати по опуштената локална атмосфера и извонредната гастрономска понуда.
Во овој регион се наоѓаат и места кои посебно би ги издвоиле заради нивното значење.
Гирона кој е еден од најстарите градови на Каталонија со прекрасен Еврејски кварт; Фигерас - родното место на Салвадор Дали, креаторот на најубавите објекти во Барселона и Емпуриес, а денес дом на музејот со негови неверојатни уметнички дела.Во непосредна близина, на помалку од 1 час возење со директен воз се наоѓа и Каталонската убавица Барселона. Возовоите од летувалиштата во Коста Брава се обраќаат кон Барселона во текот на целиот ден, со што овозможуваат лесна и евтина достапност на овој град со непроценливо архитектонско, уметничко и културолошко богатство.