КОПАОНИК

ЗИМА 2023/2024

Скијање и зимување во еден од најдобрите ски центри на Балканот.

Кон Хотелска Понуда или контактирајте нè за информации и цени.

 

 

КОПАОНИК е најголемиот и најразвиениот ски центар во Србија, богат со одлично подготвени скиjaчки стази кои им овозможуваат на гостите вистинско уживање во зимските спортови. Стазите за алспко и нордиско скијање се со должина од окулу 62км, а освен дневното има можност и за ноќно скијање. Копаоник е познат по тоа што има многу добра инфраструктура и поврзаност меѓу стазите. Модерните жичарници и ски лифтови имаат капацитет да опслужат окулу 35.000 скијачи на саат.
За скијачите почетници, како и за најмладите - децата, постои посебно обезбеден простор со подвижна трака и други механизми за поедноставно и брзо совладување на скијачките вештини.

Иако станува збор за навистина снежна планина со континентално - планинска клима, ски центарот поседува и сопствен систем за вештачко оснежување со кој се покрива површина од окулу 97% од скијалиштето, овозможувајќи одлично припремени стази и продолжена ски сезона.

Самиот центар на Копаоник каде се повеќето сместувачки објекти е приказна за себе - се наоѓа сред густа иглолисна шума на релативно голема надморска височина од окулу 1.700м, градбите се со складна планинска архитектура и има многу дополнителни содржини што овозможуваат незаборавни искуства во пријатен планински амбиент за сите посетители. Највисокиот точка е Панчиќев Врв со надморска височина од 2.017м, а до него се стигнува со жишарница која поврзува неколку стази.


Ски Мапа - Копаоник

 

mapa_kopaonik1600x1200px.jpg