БАЛИ ИНДИВИДУАЛНА ПОНУДА

Остров на богови, свети храмови, уникатна традиција, тропски убавини, забава... Бали е волшепство кое маѓепсува и инспирира

 

Индивидуални хотелски аранжмани на база ноќевање со појадок во хотел по избор, со вклучени трансфери на Бали и екскурзии со водич. 

ХОТЕЛ • ТРАНСФЕРИ • ЕКСКУРЗИИ

» Голем избор на хотели од буџет до делукс категорија
» Флексибилен број на ноќевања
» Пречек. локална асистенција и трансфери на Бали
» Организирани екскурзии (3 за престој од 7-11ноќи; 5 за престој подолг од 12ноќи)
» Долгогодишно искуство и докажан квалитет

Кликнете овде за да пребарате низ понудата и да го пронајдете Вашиот хотел на Бали

*** Авионски Билети не се вклучени во цените и може да се додадат дополнително како пакет или индивидуална понуда. За најдобра понуда на авионски конекции за Вашето патување на Бали ве молиме контактирајте не.


 

БАЛИ – РАЈСКИОТ ОСТРОВ НА БОГОВИТЕ 

Повеќе од 20 години Аурора Ви овозможува да посетите и почувствувате на комплетен начин. Нашата понуда вклучува екскурзии без кои искуството е некомплетно! Ве молиме контактирајте не за да подготвиме персонализирана предлог понуда за Вашето патување.
Бали, островот на боговите, жива разгледница, индонезиски рај кој остава впечаток на фантазија. Со својот разновиден пејсаж на ридови и планини, нерамномерни крајбрежја и песочни плажи, смарагдно-зелени оризови тераси, бујни тропски шуми и вулкански пејсажи, пружа живописна заднина на шарената, длабоко духовна и единствена балиска култура. Она што го издвојува Бали од другите тропски острови е традицијата и духовноста на насмеаните локални жители кои гордо ја слават својата култура и го негуваат својот идентитет. Бали ќе ви понуди едни од најдобрите светски места за сурфање и нуркање, голем број на културни, историски и археолошки атракции, како и огромен спектар на сместување, што го прави Бали една од најпопуларните дестинации во светот што постојано ги освојува светските туристички награди.
Бали е остров во Индонезија кој се наоѓа помеѓу островот Јава на запад и Ломбок на исток. Островот Бали е една од 33-те индонезиски провинции со провинциски центар во Денпасар кој се наоѓа на југ од островот. Бали се наоѓа во близина на екваторот на преминот од Индискиот во Тихиот Океан, тропски остров кој е толку живописен што на прв момент можеби ќе ви биде нереален. Опкружен со кристално чисто сино море, каде што особено уживаат сурферите, додека островот е преполн со тропски џунгли и високи вулкани кои се протегааат до облаците. Островот изненадува со својата убавина, како на природата, така и на градбите изградени во изминатите векови. Островот целосно одолеал на модернизацијата и глобализацијата и сè уште живее по правилата кои не се менувале со децении. Секоја вечер, животот на Бали ја започнува својата ноќна магија на месечината, со бројни прослави и фестивали кои нудат незаборавно искуство и забава. Бали е дестинација за сите, бидејќи е единствена мешавина на модерни туристички места кои се совршено надополнети со бујната природа и долгите песочни плажи, богатото историско и верското наследство. Жителите на Бали се особено горди што успеале да ја сочуваат својата религиозна традиција, што се рефлектира во секојдневниот живот и во архитектурата – прекрасните храмови и палати. За сурферите е особено интересен западниот брег на островот, каде што се наоѓаат некои од најдобрите плажи во светот и се наменети само за сурфери, додека источната страна од островот е рај за семејства и љубителите на плажите од фин песок и мирно море. Во средината на Бали доминираат драматичните вулкани од централните планини и ридските храмови како што се Pura Besakih (еден од околу 10.000-те храмови на островот), додека највисокиот врв, Gunung Agung, е духовен центар на островот. Аурора ве води во Бали на неверојатно патување од кое ќе понесете со себе незаборавно искуство од природната хармонија и љубов, спомени што ќе се врежат длабоко во вас, единствени доживувања од богатата традиција, шарените церемонии и уникатната култура. Бали ќе ве остави со чувство на мир, задоволство и интензивен копнеж да повторно се вратете назад и да го доживеете одново...
Бали како популарна островска дестинација богата со природни убавини, култура и историја, има нешто за секого на Бали.
КУТА (KUTA)
Кута е најпознато туристичко место на Бали, место кое изобилува со сонце, плажи, сурфање и шопинг. Од плоштадот Кута, кон север, се до Легијан се протегаат најубавите плажи на Бали. Кута не само што е дом на иконската плажа Кута, но исто така е позната и по неверојатните зајдисонца и богатиот ноќен живот. Крајбрежјето е покриено со мек златен песок и покрај плажата се протега долго шеталиште полно со кафулиња и огромен број ресторани. Традиционалниот стил на Бали се гледа во тесните улички каде што се наоѓаат многубројните продавници и тезги.
ЈУЖНА КУТА (SOUTH KUTA)
Јужна Кута се наоѓа во близина на аеродромот Nugrah Rai во Бали, а од десната страна на улицата се наоѓа плажата којашто се протега до плоштадот Кута, кој се одликува со огромен опсег на големи луксузни ресорти, како и со помали поинтимни хотели. Живописното шеталиште се протега околу крајбрежјето на Јужна Кута, кое нуди можности за долги прошетка и фантастични можности за фотографирање. Во оваа област се наоѓаат прекрасните плажи со лесен пристап до различни рекреативни активности, бутици, шопинг центри и голем избор на ресторани.
НУСА ДУА (NUSA DUA) 
Нуса Дуа е област во јужниот дел на Бали, позната по своите прекрасни плажи со бел песок, кристална вода, терени за голф и луксузни ресорти и хотели. Ова туристичко место се наоѓа 22 километри од Денпасар, главниот град на провинцијата. Во Нуса Дуа ќе доживеете прекрасно чувство во пространството од градините. Долгата прекрасна песочна плажа којашто е ограничена со гребен, ќе ви овозможи одлична забава, пливање, сурфање и кајакарење. Соседното место е Tanjung Benoa, познато по рибарските села, кои го отсликуваат шармот на Бали со неговите луксузни хотели, шопинг центри, ресторани и убава бела песочна плажа. Храмовите во Нуса Дуа можат да се најдат насекаде, како комплексот Puja Mandala, Pura Segara Nata и многу други, но само храмот Pura Geger е отворен за посетителите во секое време од денот.
САНУР
Санур, некогаш рибарското село, е идеално место за опуштен одмор за фамилии и парови поради бујната тропска градина. Во неговата близина се наоѓаат многубројни продавници и тезги каде што се продават најразновидна облека, уметнички, занаетчиски дела и разни сувенири, како и ресторани и барови кои нудат најразлични специјалитети. Атмосферата на традиционалното село на Бали сè уште живее во Санур.
JIMBARAN BAY 
Jimbaran Bay и плажата Jimbaran се наоѓаат најугозападниот брег на Бали. Плажата е дел од тесниот премин кој го поврзува копното на Бали и полуостровот Букит. Плажата и заливот на Jimbaran нудат мали затскриени подрачја, со тишина и мир што можете да ги најдете тука за совршен одмор од стресниот свет. Заливот на Jimbaran има долга плажа со мирни води. Долж крајбрежјето се наредени бројни ресторани со тропско опкружување. На северниот крај, се наоѓа Kedonganan рибниот пазар на отворено. Југозападно од заливот се наоѓаат плажите Dreamland Beach и Balangan Beach, познати по своите силни бранови погодни за сурфање.
УБУД
Убуд е град на Бали, сместен меѓу оризови полиња и стрмни клисури во централното подножје на реката Џијан. Познат е како центар за уметност и културен развој. Убуд има население од 30.000 жители. Целиот град е опкружен со мали фарми, оризови полиња и густа шума. Препорачуваме да го посетите музејот во Убуд кој е центар на балиското сликарство. Во збирката на овој музеј има модерн дела на балиските сликари кои датираат од почетокот на овој век. 



 

ЕКСКУРЗИИ