Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
IC Hotels GREEN PALACE
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќи цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

ЛОКАЦИЈА: Хотелот се наоѓа во областа Кунду, 25км од центарот на Анталија и 15км од аеродромот.

СМЕСТУВАЊЕ: Вкупен број на соби 429. Стандардни соби 379 (26м², 2+1 лица), 29 фамилијарни соби (52м², 2+2 лица, една дневна, две спални соби, две купатила), 12 јуниор суити (33м², 2+1 лица, една спална соба со брачен кревет, софа и дел за седење, едно купатило), 5 соби за хендикепирани лица (26м², специјално дизајнирани), 1 детски суит (52м², две одвоени спални со купатило), 2 King суити (131м², една дневна соба, две спални, едно купатило со џакузи и уште едно со када) и еден Претседателски суит (213м², на најгорниот кат од хотелот, две спални, една спална за послугата, дневна со дел за ручање и дел за работа, едно купатило со џакузи и уште едно со када ). Сите соби се со поглед на море или градина, со балкон или тераса, купатило со када и фен, централна клима, телефон, мини бар (безалкохолни пијалоци, вода и пиво се дополнуваат секој ден), сеф, тепих на подот, сателитска ТВ и музички канали, интернет конекција. Гостите од King суитите и од Претседателскиот суит имаат ВИП концепт (бесплатен трансфер до аеродром, експресно пријавување и одјавување од хотелот, секојдневно дополнување на мини барот, корпа со овошје, џус, увозно пиво, кафе и чај, два пати во денот чистење на собата, цвеќе во соба, собни папучи, бањарка, пешкири за на плажа, перална, безжичен интернет).

СОДРЖИНИ:  Jasmine-главен ресторант-шведска маса, Sunset snack bar за ужина, 6 A’la Carte ресторани: Cavalli (Италијанска кујна), Casa Mexicana (Мексиканска кујна), Canton Chinese (Кинеска кујна), Sushi Japanese (Јапонска кујна), Fes (Турска кујна), Green Fish (ресторан за морска храна), барови на различни локации околу хотелскиот комплекс, IC café, IC Cream world, Free Zone диско клуб. Телефон, факс, шопинг центар, фризер, доктор, чување деца, сервис за перење и пеглање, internet café, компјутерски игри, rent a car, се наплаќа. Отворен и затворен базен, базен за деца, лизгалици на вода, фитнес центар, сауна, Турска бања,

СПОРТ И ЗАБАВА: Хотелот располага со  тениски игралишта, сквош, мал фудбал, мини голф, одбојка на плажа, пикадо не се наплаќа. Спортови на вода, осветлување на тениски терени, опрема и часови по тенис, масажа, Спа и велнес центар, билијард, куглање, школа за нуркање се наплатуваат. Забавна програма преку целиот ден за возрасни и деца, натпревари покрај базенот и на плажа. Специјален шоу програм навечер кој се менува секој ден. Мини клуб за деца од 04-12 год секој ден од 10.00-22.30ч.

ПЛАЖА: Песочна хотелска плажа, со пешкири, чадори за сонце и лежалки кои не се наплатуваат.

 

Забелешки

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
* Авионски превоз со Turkish Airlines на релација Скопје – Анталија – Скопје преку Истанбул (редовна линија)
* Вклучени аеродромски такси .
* Услуга на сместување во избраниот хотел на база на избраната услуга за време на избраниот термин.
* Трансфер Аеродром – хотел – Аеродром.
* Услугите на претставникот на организаторот или ино - партнерот на дестинацијата.
* Трошоци за организација на програмата.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
* Задолжително здравствено патничко осигурување.
* Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62,0 ден. за 1 ЕВРО.
* За резервација потребна е аконтациска уплата од минимум 40% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а останатиот износ се плаќа најдоцна 14 дена пред започнување на аранжманските услуги.
* Резервации и уплати може да се вршат директно во некоја од канцелариите на Аурора Турс во Скопје, безготовински со картичка, со банкарски трансфер на некоја од сметките на Аурора Турс, или преку партнерската мрежа од агенции (субагенти) на Аурора Турс.

 

Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. "


ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ И АУРОРА ТУРС СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА

ЗАБЕЛЕШКИ: Попустите за ран букинг (“Early Booking”) имаат валидност за резервации направени до и заклучно со датумот означен во табуларните ценовници. Истите не може да бидат комбинирани со други попусти и промоции. ЗА ПРОЦЕСИРАЊЕ РЕЗЕРВАЦИЈА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА ОД МИН. 30% ОД ВКУПНАТА СУМА НА АРАНЖМАНОТ со доплата од најмалку 50% од вкупната цена на аранжманот до датумот на завршување на Early Booking попустот, освен ако не е наведено поинаку. Сите резервации направени по предвидените датуми за рано букирање ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на резервирање. Промени во резервации направени во предрезервацискиот период не се дозволени и истите се предмет на барање и одобрување. Во случај на промена на веќе потврдена резервацијка (имиња/број на патници, хотел, термин, итн) цената на програмата ќе биде калкулирана редовно, без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената. Целосна доплата на аранжман резервиран во “Early Booking” период може да се разликува од стандардниот рок дефиниран погоре (14 дена пред поаѓање).
* Доколку не се оствари минималниот број на патници,организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
* Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на монетарниот пазар или промена на цените на сместувањето или на превозот, да ја промени и цената на аранжманот или да воведе задолжителна доплата.
* Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето.
* Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби. Поглед на море / базен / град... организаторот не може да гарантира, со исклучок во случаи кога постои доплата со која патникот си обезбедува поглед специфициран во ценовникот.
* Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и локалниот партнер. Во случај на ненајавена промена организаторот не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата. Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот. Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога се однапред дефинирани / објавени, или има доплата за истите.
* Помошните кревети се речиси секогаш со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен лежај/кревет (најчесто кога децата имаат бесплатно сместување), и во истите децата го делат лежајот со возрасните патници.
* За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / представникот на групата. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се смета од 14:00 час од денот на важоста на аранжманот, најдоцна до 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од саатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14Ч00 час / последниот ден по 12:00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.
* Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на одредени содржини поради објективни околности.
* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк. Аурора Турс не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување.

 

Програма

АНТАЛИЈА - Индивидуална програма

 

1.ден СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – АНТАЛИЈА

Пристигнување на Скопски аеродром 3 часа пред лет, согласно актуелнитеправила за чекирање . Полетувањето на авионот на Turksih Airlines  кон Анталија во поставеното време, најчесто наутро во 08:50. Лет со конекција преку Истанбул до Анталија. По пристигнувањето, пречек од страна на претставник од партнер агенцијата во Турција иорганизиран трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)

2 – 3/6/9/10/13 ден АНТАЛИЈА (Хотел)

Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, со 6, 9, 10 или 13 ноќевања, во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети

4/7/10/11/14 ден АНТАЛИЈА – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот (продолжено задржување на собит - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија. Лет за Скопје преку Истанбул со Turkish Airlines во поставеното време, согласно издадената карта за враќање - најчесто во вечерните часови.. Пристигнување во Скопје. Крај на услугите.

 

*** Точните времиња на лет зависат од датумите на патување. Алтернативно може да се патува и други датуми различни од наведените како и со други авиокомпании (на пример Pegasus Airlines)