СИДЕ

СИДЕ  - Турција летување  2019
Единствено летувалиште, сместено по самата ивица на мал, рамен, се на се 300м. широк и 800м. долг полуостров кој од оббете страни е опкружен со длабокиот, плав Медитеран. Главна карактеристика на овој град, оддалечен окулу 75км од Анталија, се бројните археолошки ископини од Римско време. Ова некогашно мало, рибарско пристаниште, денеска е едно од најпосетуваните летувалишта во Турција..
Летување во Сиде - Турција
Прекрасниот брег на Сиде и неговите плажи го прават едно од омилените Турски летувалишта. Плажите на Сиде се познати како Источна и Западна плажа, двете песочни и прекриени со златен песок. Западната плажа нуди безброј можности за уживање во спортови на вода како што се скојање на вода, парасејлинг а се организираат и тури со чамци до најубавите места за нуркање и риболов. Крајбрежјето е плитко па е добар избор за семејства со мали деца. Источната плажа е помалку развиена во однос на западната и во некои делови е каменеста при влезот во вода. Овде воглавно доаѓа локалното население. Сиде е приморски град кој се карактеризира со комбинација на древното и модерното, нешто што ќе го забележите кога ќе прошетате долж улицата која постоела и многу векови порано а денеска тука се наоѓаарт најразлични продавници и отмени ресторани. Во периодот на римското владеење, градот многу напреднал што денеска можеме да го видиме по остатоците од бројни ѕидини од тоа време. Има легенда која зборува дека Сиде претставувал тајно место за состаноци на познатата Клеопатра и Марко Антоние. Сиде изобилува со ресторани и таверни во кои можете да вкусите најразлични турски специјалитети. Стариот град има доста барови и дискотеки но сепак Сиде не е место за кое првенствено се врзува епитет за фантастичен ноќен живот. Традиционален сувенир во Турција е Назар (evil eye stone), кој можете да го видите во различни варијанти на секој чекор. Овој симбол потекнува од Турската митологија и има основна функција да заштитува од уроци. Има округла форма, со концентрични кругови во различна боја и најчесто е направен од стакло. Некои го викаат Плаво око бидејќи најмногу го има во плава боја.