РИМ
Вечниот Град
Главниот град на Италија и градот со неисцрпна инспирација на историчарите и љубителите на уметноста, го нарекуваат и "главен град на светот" (caput mundi), "вечниот град" (la citta eterna), градот на седум ридови (la citta dei sete colli) или апостолски праг "( limen apostolarum). Овој мегалополис ја чува најмалата град-држава во светот, суверената територија на Светата Столица - Ватикан. Рим е сместен на седум ридови (Капитол, Палатин, Авентин, Целиан, Есквилин, Виминал, Квиринал) и претставува неверојатна хармонија на историјата и архитектурата стари повеќе од три илјади години, па затоа е уникатен и неповторлив. Историјата на градот ја создадавале цареви, папи, кралеви и конзули, а обликот му го дале најдобрите архитекти и најголемите уметници. Рим, градот музеј, фасцинира со величествените антички споменици, познати замоци, плоштади, фасади и фонтани, а ние ќе сториме сé за да уживате во него.