Одалечен само 100 км од Скопје, распослан на падините на планината Бистра на 1.240м надморска височина, ски центарот Маврово како дел од истоимениот Национален парк е еден од најживописните и најпривлечни ски центри во Македонија. Изобилува со бројни уредени патеки за пешачење и за планински велосипедизам. Регионот располага со повеќе хотели од различни категории како и мали населби во с.Маврово, с.Леуново, Никифорово, Маврови Анови кои го опкружуваат Мавровско езеро каде што има голем број на викендици и планиниски куќи. Ноќите може да ги поминете во неколкуте ресторани и клубови во близина на ски центарот како и во околината на Мавровското езеро.

 

Почетоците на ски центарот датираат од 1964 кога се изградени првите стази под едносед и двосед жичарите, а основан е од Заре Лазаревски чие име сеуште го носи. Маврово со тек на времето е во постојан развој и денес веќе претставува современ зимски туристички центар. Националниот парк “Маврово„ работи на обезбедување на идеални услови за туристите кои ќе ги користат овие патеки во иднина, а воедно истите ги промовира на повеќе значајни саеми.

 

На територијата на паркот посебно на планините Кораб (2.764м), Бистра(2.163 м), Стогово (2.318м), Крчин (2.341 м) постојат идеални услови за турно скијање- freeride skiing кое што е хит во светот.