Крушево е живописен, мал планински град лоциран во централниот - западен дел на Македонија, близу Прилеп, на надморска височина од окулу 1.350м. Во непосредна близина наградот се наоѓа познатиот споменик Македониум, како и спомен куќата на музичката легенда Тоше Проевски чие родно место е токму во овој прекрасен град. Благодарение на планинаксата поставеност, Крушево е една од попознатите македонски туристички дестинации - атрактивен за посета во текот на целата година а особено е племенит во зимските снежни месеци. Сепак, градот не би бил она што е без топлите мештани кои го населуваат, без неговата богата историја, специфична архитектура и прекрасната природа која го опкружува.

Вгнезден во пријатните масиви на Бушова планина, освен за пешачење во приорда низ снежните падини, Крушево нуди прекрасни услови за скијање од Декември до Март. Скијачките терени се наоѓаат непосредно до самиот град на надморска височина од 1.400 метри. Градот е поврзан со ски центарот и скијачките терени преку жичницата. Скијачките клубови организираат школи за почетници и изнајмуваат опрема, а посебно внимание се посветува на нордиското скијање.  Скијачките терени се опремени со: двосед жичница со капацитет 700 лица/час, скилифт сидро 700 лица/час; единечен скилифт со капацитет од 600 лица/час.