ЛАРА

АНТАЛИЈА - Турција летување 2019
Кога ќе дојдете во овој бисер на таканаречената Турска Ривиера, ќе забележите дека е поделен на два дела : Еден современ, со широки улици и булевари, модерни станбени згради, боггат со најразлични содржини за ноќен живот..додека другиот дел е стар град, Калеиџи, изгграден окулу старото пристаниште и денеска претворен во туристичко срце на градот. Во Римско време бил опкружен со ѕидини а денеска таму ќе најдете тесни, поплочени улички, стари турски куќи, џамии, анови, амами..повеќето со сочуванавтентичен изглед каков штоимале во времето на изградба. Голем број на ресторани, кафулиња, слаткарници и клубови се наоѓаат во стариот дел Калеиџи кој е и културен центар на градот и во кој се одржуваат најразлични уметнички манифестации.
Летување во Лара Кунду
Лара – Кунду е нов регион  кој се наоѓа најблиску до ањеродромот. Ја сочинуваат хотели од висока категорија  изградени на познатата песочна плажа долга 8км. која ја карактеризира ситен песок и кристално чисто море. Градот Анталија е сместен во истоимениот залив над кој се издига планата Таурус , покриена со густа борова шума. Во Првиот век пред нашата ера овој регион му припаѓал на Кралството Пергам чиј владетел , кралот Атал им наложил на своите луѓе да го пронајдат најубавото место на светот, рајот на земјата.Кога тоа место е пронајдено, тука е изграден градот Аталеја, денешна Анталија. Од тогаш многу народи го посакувале овој град и затоа таму многу често се менувале владетели. Кога Римјаните го освоиле Пергамското Кралство, Аталеја станал прекрасен Римски град кој во 130 год од нашата ера бил посетен од царот Адријан во чија чест бил изграден и .. славолак кој опстанал до денешен ден. Во близина на градот, на плажата Лара се изградени луксузни хотелски комплекси кои на туристите им овозможуваат уживање во прекрасното море, сонце и природните убавини на најчистиот дел на Средоземјето.