КЕМЕР

КЕМЕР  - Турција летување  2019
Кемер се наоѓа на западниот брег на Анталискиот залив, оддалечен е 42км од Анталија и опкружен со најубавата природа во регионот. Се гордее со долгата плажа која ја носи ознаката Плаво знаме за чистота на водата, со марината и базарот со многу продавници. Најголемиот број на нуркачки центри во регионот се наоѓаат баш на ова место.
Летување во Кемер
На патот од Анталија кон Кемер, посетителите ќе се сретнат од една страна со планината Таурус и тиркизно плавото море од другата страна. Целиот брег на Кемер поседува Плаво знаменце и е со должина од 52км. Заради непосредна та близина на  планината, климата е многу по пријатна и по свежа. Зимските температури се окулу 10°C  а летните, просечни окулу 28°C  и претставува идеално место за риболов, пловење со бротчиња, шопинг и совршен одмор. Кемер го карактеризира разреден брег, плажите се  со шљунак и камчиња поради што и го носи епитетот на дестинација со најубаво море, таканаречено Турско плаветнило. На целиот брег постои само една песочна плажа, , Moonlight beach, каде можат да се видат careta желките кои таму ги положуваат своите јајца а поради исклучително убавата, нечепната природа. Она што секако треба да се посети е Demre Mira Kekova, гратче во кое, според легендата, работел и живеел Св. Никола а денеска на тоа место се наоѓа музеј изграден врз темелите на некогашната црква Св. Никола. Во тек на летните месеци се одржува карневал на музика и шарени костими, локални и интернационални изведувачи, трки со јахти, карневал на портокали и сл. Интересен е и фактот дека на само неколку километри од центарот на Кемер се наоѓаат плантажи на кои се одгледуваат најдобрите портокали во светот.