ХУРГАДА

ХУРГАДА лето 2019 • Директен чартер лет  • Египет
Хургада се наоѓа на окулу 5 часа возење ( 530км ) јужно од Каиро. Најголема атракција на Хургада е беспрекорно чистото и топло море. Од Нил ја делат окулу 150км каменеста пустиња чии врвови преминуваат 1700м. Градот е исполнет со голем број на ресторани, продавници, барови, мали пабови и интернет кафеа.
Подводниот свет е исклучително богат така што Хургада е особено популарна кај љубителите на подводни спортови, нуркаље и снорклинг.
Покрај убавите плажи, она што е особено интересно е и малиот, ненаселен  архипелаг на корални острови со прекрасен подводен свет и бели, песочни плажи.
Хургада е населена во почетокот на 20 век и од мало рибарско место, во последните десетина години прераснува  во привлечна туристичка дестинација. Денеска Хургада е град со 40.000 жители и се протега на 40км покрај море.
DAHAR – е најстариот дел на Хургада, административен центар во кој се наоѓа главната пошта, автобуска станица за меѓуградски сообраќај, базат и пазар, полициска станица и граддска управа. Тука живее поголемиот дел од локалното население
SAKALA – спој на стариот традиционален  Египет (бројни продавници, традиционални сувенирници, ресторани со национална кујна..) и современи туристички текови ( хотели од различна категорија, нова марина, шеталиште, ресторани, клубови, барови покрај самото море..). сакала се наоѓа на км јужно од дахар и км северно од туристичкиот центар Мемша како и 7км од аеродромот во Хургада.
MEMŠA – нов туристички центар на Хургада, туристички регион кој се развил многу брзо и се одликува со долго, поплочено и уредено шеталиштена кое се наоѓаат раскошни хотели, голем број на продавници, маркети, пазари, ресторани и познати барови и клубови како Hard Rock Café, Little Buddha, Elements..На само 2км од шеталиштето се наоѓа меѓународниот аеродром на Хургада.
SAFAGA ROAD – се наоѓа помеѓу Мемша и заливот Сал Хашиш . Воцентралниот дел на оваа зона се наоѓа едно долго, ново шеталиште со луксузни хотелски комплекси, продавници, маркети и големиот трговски центар Senzo Mall.
SAHL HASHEESH –  е туристичка зона, прав бисер на Црвеното Море, која го добила името по истоимениот залив со прекрасна, тиркизна вода. Ова е ексклузивен дел на јужна Хургада кој го сочинуваат раскошни хотелски комплекси изградени покрај самиот морски  брег а поврзани со шеталиште долго 8км покрај самото море. Од новиот центар Мемша, оддалечен е 18км а од стариот центар Сакала, 26км.
SOMA BAY – Туристичка зона на крајниот југ на Хургада, во истоимениот залив, во близина на градот Сафага. А оддалечен од Мемша 45км. Сома Беј е познат по луксузните комплекси од познати хотелски ланци и долгата песочна плажа ( окулу 5км долж заливот ). Поради коралните гребени, како расцветани рајски градини кои се идеални за гостите кои сакаат гњурење тоа е заштитена зона во регионот. Идеален е за мирен одмор во супер луксузните хотели изградени во самата пустиња покрај брегот на Црвено Море.
MAKADI BAY  – Туристичка населба која се наоѓа на окулу 35км од Хургада, во истоимениот залив. Населбата е опкружена со прекрасна песочна плажа долга 4км и се состои од поввеќе луксузни хотели од познати хотелски брендови, изградени во уникатен стил, комфорно опремени со прекрасни градини и најразлични украси. Привлекува голем број на туристи, поготово оние кои сакаат нуркање.