Локација: Овој шармантен хотел со 3* кој нуди удобно сместување и комфор, се наоѓа на улицата Pantai Kuta Street, во срцето на прекрасниот центар на Кута, само на неколку минути оддалеченост од убавата плажа во Кута и Legian Street, каде се наоѓаат најразлични продавници, ресторани, ноќни клубови и барови.
Сместување: Хотелот располага со 180 луксузно опремени соби и секоја соба има LCD телевизор, апарат за чај и кафе, мини бар, бања со када и туш, сеф, балкон/тераса.
Хотелски содржини: Хотелот располага со 3 отворени базени и базен за деца, 2 бара покрај базенот, теретана, како и салон за убавина каде што гостите можат да се опуштат во релаксирачките масажи и третмани. Во склоп на хотелот има библиотека и деловен центар. Ресторанот “Lagenda Malaysian Food Garden” нуди специјалитети од Малезија и Индонезија, како и од интернационалната кујна. Во барот “Beji Bar” покрај малото езерце, гостите можат да уживаат во најразлични пијалоци и коктели.
Плажа: Хотелот се наоѓа на само 100 м оддалеченост од плажата Kuta Beach.