Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
VENEZIA PALACE
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот се наоѓа во областа  Лара Кунду, на 20км од центарот на Анталија, 15 км од аеродромот во Анталија.
Сместување: Хотелот има вкупно 540 соби распоредени во 6 блокови. Собите можат да бидат со поглед на море, градина или базен и истите се опремени со купатило со када, фен и телефон во купатило, клима, телефон, мини бар (секој ден се дополнува со вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци, мали шишиња вино, чипс), сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет конекцијата е бесплатна.
Содржини: Хотелот во својата понуда има главен ресторан Ristorante Bellini, A’la Сarte Ресторани-Ristorante Veneto (Италијански), Burano (рибен ресторан), La Carreta (Бразилска и Аргентинска кујна), Café Florian-бели пецива, Lido bar-дневна ужина и 9 барови на различни локации во хотелскиот комплекс. Доктор, сервис за перење и пеглање, чување деца, фризер, Велнес центар, телефон, факс, интернет, продавници, rent a car дополнително се наплаќа. WI-FI интернет во лоби и во целиот хотел е бесплатен.
Спорт и забава: Хотелот располага со отворени и затворени базен,  нов аква парк со 7 лизгалици за возрасни и 5 лизгалици на вода за деца, фитнес центар, сауна, Турска бања, Џакузи, тениски игралишта, мини фудбал, одбојка на плажа, кошарка, пинг понг, пикадо, билијард. Часови по тенис и осветлување за тениските игралишта, часови за нуркање, водени спортови, масажа и салонот за убавина се наплаќаат дополнително. Забавна програма преку целиот ден и шоу програма навечер. Мини клуб за деца од 04-12 год.
Плажа: Хотелска приватна песочна плажа со лежалки, пешкири и чадори за сонце кои не се наплаќаат. Приватните павиљони со претходна резервација дополнително се доплаќаат.
 

Забелешки

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.

» Аеродромски такси.

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.

» Организација на програмата.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

 

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.

» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување.

 

"EARLY BOOKING" АКЦИЈА за резерваци направени до 28.02.2022:

» Резервација со уплата од само 100 еур !

Резервирајте рано со авансна уплата од само 100еур и користете големи попусти за ран букинг!
- Износот на уплатата се однесува на цела резервација (100еур по пријава за аранжман/соба), а не по лице!
- 30% од вкупниот износ на резервацијата треба да се уплати најдоцна до 31.03.2022, додека целиот износ најдоцна 15 дена пред термин на поаѓање. 
- Авансот од 100еур е нерефундабилен, но во случај на отказ пред 31.03.2022, истиот може да се пренамени за друго патување од нашата понуда.

 Плати 50% - користи 5% попуст!

За уплата при резервација во висина од најмалку 50% од вкупниот износ - ќе се одобри дополнителен попуст од 5% 

» Плати се - користи 7% попуст!

За резервации со целосна уплата - ќе се одобри дополнителен попуст од 7% 

 

Во случај на позитивен ПЦР тест на патник пред поаѓање, ништо од уплатениот износ за резервација не пропаѓа, односно ќе може да се користи во наредна прилика - во договор со агенцијата. 

Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. "

ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА АУРОРА ТУРС СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА

* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк. Аурора Турс не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување. 

Програма

 

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА

Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)

2 - Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ

Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ

Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.