Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
TUI BLUE SHERWOOD BELEK (EX SENSIMAR)
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација:Хотелот се наоѓа директно на плажа .Оддалечен е на 5 км од центарот на Белек, 40 км од аеродромот во Анталија и 50 км од центарот на Анталија. Хотелскиот комплекс зафаќа површина од 12.000 м2,
Сместување: Хотелот има вкупно 230 соби сместени во главната зграда која има пет спрата и Lake house -двоспратна зграда .Собите имаат централна климатизација, мини бар (вода, сокови, пиво), котел за чај и кафе, Wi-Fi интернет, LCD телевизор, сеф, телефон, бања со туш ,фен, балкон или француски балкон.
Содржини: Хотелот има главен ресторан, Breezes snek (во близина на плажата), Culinarium-a la carte ресторан (во близина на базенот), лоби бар, бар на базенот,  бар на плажа, loungeбар, конференциска сала, доктор, услуга за перење, телефон, факс, фотокопир и сл. продавници.
Спорт и забава : Оворен базен,  аеробик, одбојка на плажа , кошарка, тенис, мини фудбал, пинг-понг, турска бања, сауна, фитнес центар, музика во живо, Wi-Fi интернет (соби, лоби, вообичаени области), осветлување на тениско игралиште, спортови на вода, масажи
Плажа:Хотелската песочна -камчеста плажа со понтон. Лежалките , чадорите за сонце и крпите се бесплатни.
авила и термини: појадок, ручек, вечера, ноќна ужина, закуски, сладолед во ресторан за снек, интернационален ресторан a la carte, локални и некои увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци, сите според хотелски термини.
 Хотел само за возрасни над 18 години.

Забелешки

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.

» Аеродромски такси.

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.

» Организација на програмата.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

 

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.

» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување.

 

"EARLY BOOKING" АКЦИЈА за резерваци направени до 28.02.2022:

» Резервација со уплата од само 100 еур !

Резервирајте рано со авансна уплата од само 100еур и користете големи попусти за ран букинг!
- Износот на уплатата се однесува на цела резервација (100еур по пријава за аранжман/соба), а не по лице!
- 30% од вкупниот износ на резервацијата треба да се уплати најдоцна до 31.03.2022, додека целиот износ најдоцна 15 дена пред термин на поаѓање. 
- Авансот од 100еур е нерефундабилен, но во случај на отказ пред 31.03.2022, истиот може да се пренамени за друго патување од нашата понуда.

 Плати 50% - користи 5% попуст!

За уплата при резервација во висина од најмалку 50% од вкупниот износ - ќе се одобри дополнителен попуст од 5% 

» Плати се - користи 7% попуст!

За резервации со целосна уплата - ќе се одобри дополнителен попуст од 7% 

 

Во случај на позитивен ПЦР тест на патник пред поаѓање, ништо од уплатениот износ за резервација не пропаѓа, односно ќе може да се користи во наредна прилика - во договор со агенцијата. 

Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. "

ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА АУРОРА ТУРС СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА

* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк. Аурора Турс не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување. 

Програма

 

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА

Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)

2 - Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ

Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ

Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.