Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Titanic Royal
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќи цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Titanic Royal 5* се наоѓа во хотелската зона јужно од Хургада, оддалечен 10 км од Аеродромот и окулу 17км од Сакала Хотелот е сосема нов - отворен во 2019год и завзема површина од окулу 50 илјади м2 . Се наоѓа на прва линија покрај плажа.
Соби: Располага со 387 соби кои се уабаво дизајнирани и имат поглед према градините, морето или базените, сите опремени со мини бар, тоалет, фен за коса, сеф, сет за кафе /чај.
Содржини: Хотелот освен што располага со главниот ресторан кој нуди богата интернацинална и домашна храна, исто така рапсолага и со 3 а ла карте ресротани. Има повеќе барови каде се служат пијалоци, меѓу кои лоби бар и бар на плажа.
Спорт и забава: Хотелот располага со отворен базен за возрасни и базен за деца, мини клуб за деца, мини диско, Спа центар, масажа, турска бања, сауна, џакузи. Гостите од хотелот имат право бесплатно да го користат аква паркот на Titanic Resort Aqua Park кој се наоѓа 200 м од хотелот.
Плажа: Песочна плажа која е долга 180м.

Забелешки

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
* Авионска карта на релација Скопје – Хургада, со редовна линија преку Истанбул.
* Аеродромски и административни такси. 
* Престој во хотел согласно избраниот и резервиран број на ноќевања..
* Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Хургада
* Организација на аранжманот

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
* Меѓународно патничко здравствено осигурување (препорачуваме да покрива лекување од Ковид-19)
* Хотелски услуги после одјавување на собите (*** хотелот има право да ги прекине All Inclusive услугите по времето предвидено за одјавување)
* Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.
* ПЦР Тест не постар од 72 часа пред влез во државата е задолжителен. Аурора Турс може да асистира и закаже навремено тестирање за патници во овластена лабораторија.
* Влезна виза за Египет - за МК пасоши се добива на лице место по пристигнување, потребни се 25усд, хотелска резервација и пасош со важност од минимум 6месеци.
**** За престој од 01.07.2020 до 30.04.2021 визите за туристи со македонски пасош се БЕСПЛАТНИ!


УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА:

* Патниците задолжително мора да имаат пасоши со важност од најмалку 6 месеци по резервираниот датум на враќање.
* За резервација потребна е уплата од 50% од вкупниот износ.
* Доплата на цел износ најдоцна 10 дена пред поаѓање.
* Оваа понуда е индивидуален аранжман на упит кој вклучува авионски карти со редовни авио-превозници калкулирани согласно најниските тарифи во периодот кога е објавена понудата. Според тоа, дадените пакет цени се информативни и може да се разликуваат од фактичките, во зависност од расположливоста на места во моментот на резервација.
* Цените се дадени во Евра, а плаќањето е исклучиво во денари по курс од 62мкд за 1еур.
 
Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. "

ЗАБЕЛЕШКИ:
* Доколку не се оствари минималниот број на патници,организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
* Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на монетарниот пазар или промена на цените на сместувањето или на превозот, да ја промени и цената на аранжманот или да воведе задолжителна доплата.
* Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето.
* Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби. Поглед на море / базен / град... организаторот не може да гарантира, со исклучок во случаи кога постои доплата со која патникот си обезбедува поглед специфициран во ценовникот.
* Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и локалниот партнер. Во случај на ненајавена промена организаторот не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата. Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот. Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога се однапред дефинирани / објавени, или има доплата за истите.
* Помошните кревети се речиси секогаш со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен лежај/кревет (најчесто кога децата имаат бесплатно сместување), и во истите децата го делат лежајот со возрасните патници.
* За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / представникот на групата. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се смета од 14:00 час од денот на важоста на аранжманот, најдоцна до 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од саатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14:00 час / последниот ден по 12:00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.
* Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на одредени содржини поради објективни околности.
* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк. Аурора Турс не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување. "

 

Програма

ХУРГАДА - Индивидуална програма

 

1.ден СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ХУРГАДА

Пристигнување на Скопски Аеродром 3 часа пред и лет, согласно актуелните аеродромски правила за чекирање. Лет за Хургада преку Истанбул (Sabiha Gokcen) со Pegasus Airlines окулу 02:35 часот, односно согласно времето наведено во авионската карта. Слободно (транзит) време меѓу летови во Истанбул - на сопствена режија може да се напушти аеродромот. Вечерен лет од Истанбул за Хургада. По пристигнување, пречек од страна на претставник од партнер агенцијата во Хургада и организиран трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување. Ноќевање..

 

2 – претпоследен ден ХУРГАДА (Хотел)

Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети. Ноќевање во хотел..

 

Последен ден ХУРГАДА – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ 

Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до времето за трансфер кон аеродромот во Хургада. Лет преку Истанбул (Sabiha Gokcen) за Скопје со Пегасус во поставеното време, согласно издадените авионски карти - најчесто во вечерните часови, после полноќ. Слободно (транзит) време меѓу летови во Истанбул - на сопствена режија може да се напушти аеродромот. Пристигнување во Скопје.


*** Точните времиња на лет зависат од датумите на патување. Алтернативно може да се патува и други датуми различни од наведените.