Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
TIJILI BENOA
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Tijili Hotel Benoa, прекрасен колоритен хотел кој се наоѓа на сама плажа, во областа Танжунг Беноа на пешачко растојание од најразвиената туристичка зона Нуса Дуа, а на само 1,9 км од Bali International Convention Centre. Трговскиот центар Bali Collection и музејот Pasifika Museum се на околу 7-минутно возење од хотелот, додека меѓународниот аеродром е оддалечен на околу 20-минутно возење од хотелот. Поволната локација на хотелот и директниот пристап до плажа, овозможува лежерна атмосфера за одмор далеку од целата врева и метеж на градскиот живот, што го прави овој хотел совршена дестинација за семејства или двојки.

Сместување: Tijili Hotel Benoa располага со 270 соби од различна категорија. Сите соби се климатизирани и имаат балкон/тераса, LCD ТВ со сателитски канали, телефон, апарат за кафе и чај, електричен бокал, мини бар, сеф . Секоја соба има приватна бања со туш, бањарки, папучи и фен. Сите соби имаат бесплатен Wi-Fi интернет пристап.

Хотелски содржини: Хотелот располага со ресторан Kakatua Restaurant во кој се служи интернационална кујна, додека на гостите им е на располагање и Warung Bamboo Bar & Lounge кој се наоаѓа на сама плажа. Хотелот има надворешен базен опремен со лежалки и чадори, и прекрасен базен на покривот кој се наоѓа на 6-тиот кат, со поглед на океанот. Исто така, хотелот располага со спа и фитнес центар, детски клуб, 24-часовна рецепција и консиерж услуги и бесплатен Wi-Fi интернет пристап низ целиот хотел.

Плажа: Хотелот Tijili Hotel Benoa се наоѓа на самата плажа во Танжунг Беноа.