Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
TAMAN AGUNG BEACH
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќи цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот Taman Agung се наоѓа во срцето на Санур,  на само околу 5 минути оддалеченост од белата песочна плажа во Санур. Хотелот Taman Agung е уникатно место со балиски стил на архитектура и елеганција. Поседува извонредна убава бујна градина, која ја комбинира природната убавина со величествениот храм. Нуди пријателска атмосфера, мир и спокојство што е дел од шармот на животот во Бали. Од меѓународниот аеродром е оддалечен на само 30-минути возење.


Сместување: Во хотелот Taman Agung можете да изберете помеѓу 4 категории соби, кои ќе задоволат различните барања и преференции на сите гости: Семејни соби; Апартмани; Делукс соби и Вила. Сите соби се климатизирани и модерно опремени, и имаат приватна тераса или балкон со поглед на зеленилото. Секоја соба има бања, фен, кабловска ТВ, бесплатен Wi-Fi интернет пристап, телефон, клима уред, мини бар и балкон.


Хотелски содржини: Хотелот поседува ресторан каде гостите можат да уживаат во избор на локална и меѓународна кујна. Во составот на хотелот Taman Agung има спа центар со масажи, сервис за перење алишта и 24-часовна служба за обезбедување.


Плажа: Хотелот е оддалечен на само 5 минути пеш од јавната песочна плажа во Санур.

Забелешки

Цената е во тотал за селектираниот хотел и број на лица сместени во основен тип на соба. Истата вклучува  повратен трансфер од аеродромот на Бали до хотелот, асистенција од локалниот партнер, сите туристички и административни такси.

 

Дополнително цените вклучуваат неколку придружни екскурзии на Бали:
- 3 екскурзии за престој од 7-11 ноќи (2 целодневни и 1 полудневна)
5 екскурзии за престој од 12-14 ноќи (3 целодневни и 2 полудневни)  

 

Во цените не се вклучени авионските карти до Бали - за понуда на авионски карти или конкретна пакет понуда Ве молиме контактирајте не.

За празнични периоди (Нова Година, Божиќ, итн.) можни се дополнителни доплати кои не се вкалкулирани во цена.

Програма

1.ден: Пристигнување на аеродромот во Денпасар на Бали. Трансфер до избраниот хотел. Пријавување во хотел и превземање на соба согласно хотелски правила.

Денови на престој: Слободно време за уживање, одмор и индивидуални активности. Вклучени неколку бесплатни екскурзии чија реализација се договара со локалните претставници.

Последен ден: Напуштање и одјавувањ на собите согласно хотелските правила. Организиран трансфер до аеродромот на Бали за повратниот лет.