Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
STARLIGHT RESORT HOTEL
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот се наоѓа во областа Kizilagac на 90км од аеродромот во Antalya и 10км од Manavgat.


Сместување: Хотелот има вкупно 811 соби во главната зграда и 18 соби во Club зграда. Сите соби се опремени со приватно купатило со када или туш и фен, централен клима уред (кој работи според временските услови), телефон, мини бар (се дополнува со вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци и пиво ској ден), сет од кафе и чај, сеф, тепих на под во главна зграда и паркет во club собите, сателитска телевизија и музички канали, балкон.


Содржина: Хотелот има главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани – Akdeniz (Медитеранска кујна), Santa Lucia (Италијанска кујна), Moulin Rouge (Француска кујна), Volga (Руска кујна), Ganesha (Индиска кујна), Tepenyaki (Јапонска кујна), Miyako (кујна од Далечен Исток), Azteka (Мексиканска кујна), Sini* (Турска кујна), Sunset (Тибен ресторан)*, Mongol* (Монголска кујна) и Скара ресторан*, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, шопинг центар, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, фризер, рент а кар, услуга за перење и сушење се доплаќаат. WI-FI интернет конекција со ниска брзина е бесплатна во целиот хотел.


Спорт и Забава: Хотелот има надворешни и внатрешни базени (има еден Thalasso базен надворешен и внатрешен се доплаќа, и Secret базен само за VIP гости (се доплаќа), аква парк, фитнес центар, сауна, Турска бања, сквош, ѕид за искачување, кошарка, одбојка на плажа, мини фудбал. Услуги со доплата: спортови на вода Secret базен само за VIP гости, куглање, компјутерски игри, тениски терени со земјена подлога(30), часови по тенис, мини голф, SPA центар, уметничко лизгање (мин. 20 лица и 4 дена порано треба да се пријават), клуб за јавање коњи, професионални фудбалски игралишта. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, навечер различни шоуа и специјални програми. За деца од 04-12 години има мини клуб, со програми во текот на денот и навечер.


Плажа: Хотелот има Хотелска песочно камчеста плажа, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа за гостите на хотелот. Приватните павиљони се со претходна резервација и се доплаќаат.
 

Забелешки

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.

» Аеродромски такси.

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.

» Организација на програмата.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

 

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.

» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување.

 

"EARLY BOOKING" АКЦИЈА за резерваци направени до 28.02.2022:

» Резервација со уплата од само 100 еур !

Резервирајте рано со авансна уплата од само 100еур и користете големи попусти за ран букинг!
- Износот на уплатата се однесува на цела резервација (100еур по пријава за аранжман/соба), а не по лице!
- 30% од вкупниот износ на резервацијата треба да се уплати најдоцна до 31.03.2022, додека целиот износ најдоцна 15 дена пред термин на поаѓање. 
- Авансот од 100еур е нерефундабилен, но во случај на отказ пред 31.03.2022, истиот може да се пренамени за друго патување од нашата понуда.

 Плати 50% - користи 5% попуст!

За уплата при резервација во висина од најмалку 50% од вкупниот износ - ќе се одобри дополнителен попуст од 5% 

» Плати се - користи 7% попуст!

За резервации со целосна уплата - ќе се одобри дополнителен попуст од 7% 

 

Во случај на позитивен ПЦР тест на патник пред поаѓање, ништо од уплатениот износ за резервација не пропаѓа, односно ќе може да се користи во наредна прилика - во договор со агенцијата. 

Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. "

ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА АУРОРА ТУРС СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА

* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк. Аурора Турс не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување. 

Програма

 

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА

Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)

2 - Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ

Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ

Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.