Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
SIMENA HOLIDAY VILLAGE
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќи цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот Simena Holiday Village се наоѓа во областа Чамјува (Camyuva), оддалечен околу 6 км од Кемер и 65 км од аеродромот во Анталија.

Сместување: Хотелот располага со 342 соби од различна категорија, распоредени во хотелска зграда и во вилите. Сите соби имаат балкон со поглед на градината, базенот или кон планина, и имаат купатило со када и фен, централна клима, телефон, мини бар (вода и безалкохолни пијалаци), сеф, сателитска телевизија и музички канали. Некои од собите имаат и приватна кујна, дневна соба и машина за перење.

Хотелски содржини: Хотелот располага со главен ресторан на база на Ултра се вклучено (Ultra All Inclusive), бар покрај базен, лоби бар, À-la-carte ресторани – италијански, рибен и турски, повеќе барови низ хотелскиот комплекс, 24-часовна рецепција, менувачница, конференциска сала. Според правилата на хотелот со доплата се следните услуги: доктор, шопинг центар, фризер, телефон, факс, интернет, чување на деца, салон за убавина, услуги за перење и хемиско чистење. Wi-Fi интернетот во лобито на хотелот е бесплатен.

Спорт и забава: Хотелот има отворен базен со снек бар, затворен базен, базени за деца, мини детски клуб за деца од 4 до 12 години, фитнес центар, турска бања, сауна, 7 тениски терени, пинг-понг, одбојка, кошарка. Според правилата на хотелот со доплата се следните услуги: водени спортови, масажа, центар за убавина, осветлување на тениски терени и опрема, школо за нуркање. За гостите од хотелот е организиран забавен програм во текот на денот и вечерна шоу програма.

Плажа: Хотелот има приватна плажа, со песок и камчиња, оддалечена околу 250 м од хотелот. Лежалките, чадорите за сонце и пешкири за плажа се достапни бесплатно и на плажа и на базен.