Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Samara Hotel
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот  е сместен на приватна песочна плажа, во заливот Торба, на 8 км од центарот на Бодрум, на 27 км од меѓународниот аеродром Бодрум / Милас. Хотелот Самара е идеален за семеен одмор и зафаќа површина од 70.000 м2. Отворен е во 1995 година, а последен пат е реновиран во 2012 година.

Сместување:  Хотелот располага со  291 соби од кои 235 стандардни соби, 1 претседателски апартман, 8 senior апартмани, 11 junior апартмани, 15 поврзани соби, 8 простории за непушачи, 2 соби за лица со посебни потреби. Сите соби имаат телефон, мини бар, сателитска ТВ, сеф, фен за коса, Wi-Fi. Собите можат да имаат поглед на море или градина.

Хотелски содржини:  Хотелот е опкружен со голема градина, полн со зеленило и цвеќиња. Има неколку барови: Palm bar, Panorama bar, Snack bar, Pool bar, Sea bar, disco bar, Biberon bar, Vitamin bar, главен ресторан и à la carte  ресторан (турски и рибен), ноќен клуб, интернет кафе. Со доплата се следните услуги: хемиско чистење, телефон, доктор на повик, фризер, простории за состаноци, интернет кафе, продавници, фотограф.

Спорт и забава: Хотелот  има голем отворен базен, затворен базен, сауна, турска бања, фитнес центар, 2 тениски терени, фудбалски игралишта, одбојка на плажа, кошарка и мини голф, билијард и пинг-понг, сурфање, кану, педалинки. Wi-Fi интернетот е достапен во холот на хотелот, во собите и покрај базен. За деца има базен со тобогани, мини клуб (за деца 4-12 години), детско игралиште, анимација. Со доплата се следните спортови: опрема за тенис, интернет кафе, спортови на вода (џет-ски, падобран, банана, нуркање).

Плажа: Хотелот се наоѓа на приватна песочна плажа, една од најубавите во Бодрум. Чадорите, лежалките, душеците и крпите се бесплатни.