Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
ROYAL SEGINUS HOTEL
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот е лоциран во областа Лара-Кунду, на 17км од центарот на Анталија и 15км од аеродромот во Анталија.


Соби: Хотелот располага со вкупно 498 соби. Сите соби се опремени со купатило со туш кабини и фен, централен клима систем кој работи според временските услови, телефон, мини бар (вода , безалкохолни пијалоци и пиво се дополнуваат секој ден), сеф, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет конекција, балкон.


Содржини: Хотелот располага со главен ресторан , snack бар покрај базенот и на плажа, барови низ целиот хотелски комплекс,  А’la Carte ресторани:  Италијанска кујна, кујна од  далечниот исток, Мексиканска кујна, ресторан за морска храна, Турска кујна, суши ресторан, Тапас ресторан.


Спорт и забава: Отворени и затворени базени за возрасни и деца, аква парк со 8 лизгалки, фитнес центар, Турска бања, сауна, парна бања, тениски игралишта, игралишта за кошарка, пинг понг, одбојка на плажа. Услуги на доктор, чување на деца, сервис за перење и пеглање, телефон, факс, WI-FI конекција бесплатна во лоби и собите, компјутерски игри, продавници, rent a car, дополнително се наплаќаат.  Масажа, салон за убавина, Спа и Велнес центар, осветлување на тениските игралишта, куглање, билјард, сите водени спортови дополнително се наплаќаат. Забавни програми преку целиот ден, натпревари покрај базен и на плажа, вечерни шоу програми, жива музика неколку пати во неделата. Мини клуб за деца и забавен парк за деца.


Плажа: Хотелот има приватна песочна плажа со бесплатно користење на лежалки, пешкири и чадори за сонце.
 

Забелешки

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.

» Аеродромски такси.

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.

» Организација на програмата.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.

» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување.

"EARLY BOOKING" АКЦИЈА за резерваци направени во Февруари:

» Резервирај за само 25 еур!

Резервации во "Early Booking" може да се прават со уплатен (нерефундабилен) аванс од само 25еур по лице; 30% од износот треба да се уплати најдоцна до 30.Март; додека преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување.

» Плати 50% - користи 5% попуст!

За уплата при резервација во висина од најмалку 50% од вкупниот износ - ќе се одобри дополнителен попуст од 5%

» Плати се - користи 8% попуст!

За резервации со целосна уплата - ќе се одобри дополнителен попуст од 8%

 

Во случај на позитивен ПЦР тест пред поаѓање, ништо од уплатениот износ за резервација не пропаѓа, односно ќе може да се користи во наредна прилика - во договор со агенцијата. 

Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. "

ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА АУРОРА ТУРС СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА

* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк. Аурора Турс не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување. 

Програма

 

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА

Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)

2 - Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ

Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ

Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.