Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Ramada Resort by Wyndham Side
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Се наоѓа на 16 км од центарот на Сиде, 65 км од центарот на Анталија и 60 км од аеродромот во Анталија.
Сместување: Хотелот е отворен во 2015 година. Има 290 соби кои се поделени во три блока. Од нив, 123 се стандардни (102 со поглед на копното и 21 со поглед на базенот), 123 Супериор и 44 семејни соби. Сите стандардни соби имаат клима, LCD телевизор со сателитски канали, Wi-Fi интернет, сет за кафе и чај, мини бар (се надополнува секојдневно со вода и сокови), сеф, бања со туш, фен за коса. Некои соби имаат тераси, а некои имаат француски балкон.
Хотелски содржини: Сите оброци се служат во главниот ресторан на база на самопослужување. Концептот вклучува: појадок, ручек, вечера, полноќна супа. Концептот вклучува и сладолед од 15:00 до 16:00 часот на плажа и покрај базен, ужина во одредено време на одредено место, a la carte ресторан (еднаш неделно за време на престојот, со резервација), локални алкохолни и безалкохолни пијалоци.
Отворен и внатрешен базен, детски базен, аква парк со 6 лизгалки, теретана, аеробик, пинг-понг, пикадо, одбојка на плажа, дневни и вечерни анимации, диско, Wi-Fi интернет со ограничена брзина и број на корисници на сите јавни површини. За деца има мини клуб, детски базен, мини кино и игралиште.
Плажа: Хотелот има своја песочна плажа долга 150 метри, на околу 600 метри, до која секој час сообраќа шатл-автобус. Чадори, лежалки, душеци се бесплатни. На плажата има бар каде во одредени периоди од денот се служат пијалоци и разни закуски.