Локација: Хотелот се наоѓа на 600 метри од гондолата, до која е организиран трансфер со минибус. Се наоѓа на 900 метри од центарот на градот.
Соби: Има 145 соби.Секоја соба има бања (туш / тоалет), сателитска ТВ, телефон, мини бар, сеф.
Хотелски содржини: Хотелот располага со ресторан, етно ресторан, a-la-certe ресторан , лоби бар, казино бар, пијано бар. Wi-Fi е достапно во лобито. Во склоп на хотелот има билијард и пинг-понг, како и детски мини клуб. СПА центарот има базен, сауна, турска бања, џакузи, солариум и фитнес центар. Гостите исто така можат да се забавуваат во казиното, а хотелот располага со паркинг и просторија за ски опремата.
Цената вклучува: Употреба на базен, сауна, фитнес центар, Wi-Fi во лобито и трансфер до гондолата