Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
PIRATE'S BEACH CLUB
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот е лоциран во областа на Tekirova, 17 км од Кемер и 78 км од аеродромот во Анталија.


Сместување: Хотелот е реновиран во 2016 година. Располага со 268 соби. Сите соби имаат сопствено купатило со када или туш кабина, фен, директна телефонска линија, мини бар, сет за кафе и чај, SAT TV, балкон или тераса.

Содржини: Хотелот во својата понуда има главен ресторан „Happy Pirate“, снек бар „Капетан Блек“, ресторани „А’ла Карте“ : Барбароса (морска храна), „Капетан блек“, Траторија Антика (италијанска кујна), ќебап (турска кујна), лоби бар, витамин бар, диско клуб.
Услуги со доплата се : лекарски услуги, продавници, телефон, факс, интернет, услуги за чување деца, услуги за перење алишта и хемиско чистење, изнајмување автомобили, фризер. Хотелот има отворени базени, базени за деца, тобогани, фитнес, сауна, турска бања, парна бања, тениски терени, пинг-понг, стрелаштво, одбојка на плажа, мини голф, билјард, забавни програми во согласност со хотелскиот концепт (пирати), натпревари преку ден, вечерни емисии, Happy Pirate - мини клуб за деца од 4 до 12 години со специјални програми во текот на денот, мини диско вечер.
Услуги со доплата според правилата на хотелот Pirate's Beach Club 5 *се : спортови на вода, масажа, осветлување за тениски терени, салон за убавина.

Плажа:  Хотелската плажа е песочна. Бесплатни за користење се чадорите, пешкири и лежалките. Приватните павиљони дополнително се наплаќаат и однапред се резервираат. 

Забелешки

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.

» Аеродромски такси.

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.

» Организација на програмата.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.

» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување.

"EARLY BOOKING" АКЦИЈА за резерваци направени во Февруари:

» Резервирај за само 25 еур!

Резервации во "Early Booking" може да се прават со уплатен (нерефундабилен) аванс од само 25еур по лице; 30% од износот треба да се уплати најдоцна до 30.Март; додека преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување.

» Плати 50% - користи 5% попуст!

За уплата при резервација во висина од најмалку 50% од вкупниот износ - ќе се одобри дополнителен попуст од 5%

» Плати се - користи 8% попуст!

За резервации со целосна уплата - ќе се одобри дополнителен попуст од 8%

 

Во случај на позитивен ПЦР тест пред поаѓање, ништо од уплатениот износ за резервација не пропаѓа, односно ќе може да се користи во наредна прилика - во договор со агенцијата. 

Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. "

ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА АУРОРА ТУРС СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА

* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк. Аурора Турс не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување. 

Програма

 

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА

Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)

2 - Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ

Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ

Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.