Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
PERRE LA MER RESORT
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќи цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот се наоѓа во регионот Goynuk, на 6 км од Кемер и 46 км од аеродромот во Анталија.

Сместување: Хотелот располага со 320 соби од различна категорија. Сите соби имаат балкон, сопствено купатило со када, туш и фен за коса, клима уред, телефон, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци на пристигнувањето, подоцна само се дополнува секој ден со вода), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали.

Хотелски содржини: Хотелот располага со главен ресторан на база на Ултра се вклучено (Ultra All Inclusive), À-la-carte ресторан за морска храна, турски ресторан, лоби бар, барови покрај базен и на плажа, витамин бар, турскo кафе и диско бар. Според правилата на хотелот со доплата се следните услуги: доктор, услуга за чување на деца, услуга за перење, рент а кар, фен за коса, продавници , интернет и компјутерски игри. Wi-Fi интернетот во лобито на хотелот е бесплатен.

Спорт и забава: Хотелот има отворен и затворен базен за возрасни и деца, аква парк со тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, тениски игралишта, одбојка на плажа, пинг-понг маса, мини голф. Според правилата на хотелот со доплата се следните услуги: масажа, СПА и Велнес центар, билијард, тениска опрема и осветлување, спортови на вода. За гостите од хотелот е организиран забавен програм во текот на денот и вечерна шоу програма, мини клуб за деца од 4 до 12 години, детско игралиште, мини диско.

Плажа: Хотелот се наоѓа покрај плажа, која е со песок и камчиња. Лежалките, чадорите за сонце и пешкири за плажа се достапни бесплатно и на плажа и на базен.