Локација: Хотел се наоѓа на брегот од прекрасното Охридско Езеро, на само 800м од центарот на Охрид. Нуди незаборавен поглед на езерото, стариот град и древната Самоилова тврдина.
Сместување: Хотелот располага со капацитет од вкупно 69 соби од кои: 45 стандардни соби, 10 дуплекси, 6 делукс соби и 8 Јуниор aпартмани. Секоја соба е опремена со: клима уред, мини бар, безжичен интернет, директна телефонска линија, кабелска телевизија,купатило со туш кабина или када.
Содржини: Ресторанот "Милениум" е со капацитет од 190 лица и тераса со капацитет од 70 лица. Винскиот бар, Хотелот нуди две конференциски сали со капацитет од 120 учесници. Хотелот располага со бесплатен паркинг и бесплатна Wi-fi интернет мрежа.
Спорт и забава: Гостите на располагање имаат Спа и Велнес-Финска сауна, Турска парна бања (Амам), Теретана, простории за масажа.