Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Meraki Resort Hurghada
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Овој ресорт во бохо-шик стил нуди вистинско Египетско гостопримство и уникатен амбиент. Гостите можат да се релаксираат на приватна песочна плажа веднаш до самото Црвено Море. Хотелот се наоѓа во стариот дел на Хургада на 500м од центарот и 13км од аеродромот. Прв ресорт во Хургада кој е далеку познат по своите забави. MERAKI ќе ги долови боемските души во „all-in“ искуство. Ресорт со 4* но услуга вредна за 5 ѕвезди.
 
Соби: Хотелот располага со 270 соби кои се специјално дизајнирани и комбинираат Бохемски стил со атмосфера за пријатен престој. Сите соби имаат модерна бања со туш, сателитска ТВ, телефон, мини фрижидер, клима уред и балкон или тераса.За максимално уживање и доживување на самиот хотел препорачуваме сместување во некои од собите како Gypster или Merakilious.
 
Содржини: Хотелот е ексклузивен само за возрасни. Во рестораните и баровите во рамките на објектот можете да уживате во вкусни оброци и широк избор на пијалоци. Угостителската понуда ќе го задоволи вкусот на сите гости. Оброците се на шведска маса и се служат во главниот ресторан Munchery, а сместувачкиот објект има и 7 различни à-la-carte ресторани. Meraki Resort нуди 6 барови на различни локации и со различен амбиент, каде што можете да се опуштите со убави коктели на крајот од прекрасниот ден.

Спорт и забава: Два базени за пливање, лизгалки на вода, фитнес центар, активности на вода во базен, одбојка на плажа, ноќна одбојка, тениски игралишта (осветлување со доплата), пинг понг, билијард, јога и медитација, пилатес.Со доплата: спортови на вода, нуркање, аква центар, јахта, стаклени чамци.. Се организираат секој ден многубројни забавни програми, жива музика, DJ забави, театар на плажа, амфитеатар и уште многу други активности.
 
Плажа: Мераки се наоѓа во срцето на Хургада со најголемата плажа на Црвеното Море (2,6 км).

Забелешки

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје.

» Аеродромски административни такси (50еур по лице, 35еур за бебе под 2години).

» Чекиран багаж до 20кг по лице.

» Пречек и асистенција на аеродромот во Хургада. 

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин и број на ноќевања, на база на избраната услуга.

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.

» Организација на програмата.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Хотелски услуги после одјавување на собите (*** Хотелот има право да прекине со All Inclusive услуги по Check Out). 

» Факултативни екескурзии и други индивидуални трошоци. 

» Влезна виза за Египет - за МК пасоши се добива на лице место по пристигнување. Потребни се 25усд, хотелска резервација и пасош со важност од минимум 6 месеци. 

 

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

» Директно во нашите канцеларии
» Во кеш со денарска уплата
» Безготовински со платежна картичка (Visa, Master, Maestro, Diners)
» Електронски (онлајн) преку веб страна.
» Електронско плаќање со платежни картички, брзо и безбедно.
» Банкарски трансфер на некоја од нашите сметки.
» НЛБ, Халк, Стопанска, Комерцијална
» Преку партнерската мрежа од агенции (субагенти).
» Преку административна задршка од плата.
» за компании, институции и синдикати со кои агенцијата има склучено договор.


» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.

» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување.

EARLY BOOKING АКЦИИ за резерваци направени до 31.01.2024:

Резервирајте рано и користете големи попусти за ран букинг но и дополнителни поволности!

 

АКЦИЈА 1: Резервација со вкупна уплата од само 100 еур !

» Износот на уплатата се однесува по резервација (соба);
» 30% од вкупниот износ на резервацијата треба да се уплати најдоцна до 28.02.2024, додека целиот износ најдоцна 15 дена пред термин на поаѓање;
» Авансот од 100еур по резервација е нерефундабилен, но во случај на промена/отказ најдоцна до 30дена пред датумот на патување, износот може да се пренамени за друго патување од нашата летна чартер понуда;

АКЦИЈА 2: Резервација со 30% депозит - 5% попуст!

» За уплата при резервација од најмалку 30% од вкупниот износ - се одобрува дополнителен попуст од 5% ;
» Доплата на целиот износ најдоцна 15 дена пред термин на поаѓање;

---

 

* ПАТНИ ИСПРАВИ - Патниците на овој аранжман задолжително треба да поседуваат пасош со важност најмалку 6 месеци од датумот на завршување на престојот во Хургада, како и ваучер за потврда на хотелска резервација и повратна авионска карта. Проверка на валидноста на патната исправа е исклучиво одговорност на патникот. Лица со пасоши кои не се македонски се должни сами да ја проверат визната регулатива и условите за влез во Египет. Агенцијата не превзема и не сноси одговорност доколку на патник со некомплетни и/или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.

* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет за ланч пакет или ладен оброк. Организаторот не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување. Наша препорака е да се земаат екскурзии кои ги нуди локалниот претставник или официјални служби во хотелите, а да се избегнуваат непроверени продавачи, диви и улични организатори и сл.

Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. "

 

Останати Забелешки:
» Организаторот го задржува правото да направи промени во објавените цени и услови на продажба поврзани со оваа програма.
» Обвјавените цени се од динамичен карактер и се со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
» Секој хотел може да има дополнителни услови за наплата, отказ, минимална должина на престој, посебен ден на влез, итн. Ве молиме информирајте се кај Вашиот агент.
» Организаторот не сноси одговорност за усмено дадени поинакви информации поврани со оваа програма.
» Организатор на аранжманот е Аурора Турс.


ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА

 

Програма

 

ХУРГАДА Лето 2024 - чартер програма:

 

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА

Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со поасошко-царинските формалности (вадење виза, превземање багаж, итн.), пречек од страна на нашите претставници и/или претставниците на партнер агенцијата во Египет. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето). За евентуално превземање на соби порано ("Early Check Inn") условите ги одредуваат одговорните служби на рецепциите во хотелите.

 

2 – Претпоследен ден | ХУРГАДА

Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети (Посета на Каиро со пирамидите и музејот; Посета на Луксор и храмовите; Пустинско сафари; Расјки остров, Нуркање, шоу со делфини...). Ноќевање во хотел.

 

Последен ден  | ХУРГАДА – СКОПЈЕ

Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје. Крај на услугите.