Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
MERAKI Beach Resort (Adults Only)
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќи цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот се наоѓа во стариот дел на Хургада на 500м од центарот и 13км од аеродромот.
Соби: Хотелот располага со 270 соби кои се специјално дизајнирани и комбинираат Бохемски стил со атмосфера за пријатен престој. Сите соби имаат модерна бања со туш, сателитска ТВ, телефон, мини фрижидер, клима уред и балкон или тераса.
Содржини: Хотелот новоотворен и е ексклузивен само за возрасни. Освен главниот ресторан, хотелот има 6 А ла карт ресторани, 6 барови со различна атмосфера, дискотека, бројни продавници и др.
Спорт и забава: Хотелот има базени, 2 тобогани, центар за нуркање, спа центар со соби за третмани и масажи.
Плажа: Хотелот има сопствена песочна плажа, која е една од најубавите во Хургада.

Забелешки

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
* 6, 9,10 ноќевања на база наведената услуга.
* Авионска карта на релација Скопје – Хургада – Скопје со можност за чекиран багаж
* Аеродромски и административни такси во износ од 80еур (30еур за бебе до 1.99 год) 
* Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Хургада
* Организација на аранжманот

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
* Меѓународно патничко здравствено осигурување кое покрива лекување од Ковид-19
* Хотелски услуги после одјавување на собите (*** хотелот има право да ги прекине All Inclusive услугите по времето предвидено за одјавување)
* Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.
* Влезна виза за Египет - за МК пасоши се добива на лице место по пристигнување, потребни се 25усд, хотелска резервација и пасош со важност од минимум 6месеци.
**** За престој од 01.07.2020 до 31.10.2020 визите за туристи со македонски пасош се БЕСПЛАТНИ!
 


АКЦИЈА
Резервации може да се прават со уплатен аванс од само 100еур, а преостанатиот износ треба да биде доплатен најдоцна 10 дена пред патување. Доколку аранжманот се откаже 15 или повќе дена пред терминот на поаѓање, уплатениот износ за резервацијата се враќа во целост без никакви задршки. За отказ помалку од 15 дена пред аранжманот важат општите услови на патување.


Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. "

ЗАБЕЛЕШКИ:
* Доколку не се оствари минималниот број на патници,организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
* Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на монетарниот пазар или промена на цените на сместувањето или на превозот, да ја промени и цената на аранжманот или да воведе задолжителна доплата.
* Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето.
* Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби. Поглед на море / базен / град... организаторот не може да гарантира, со исклучок во случаи кога постои доплата со која патникот си обезбедува поглед специфициран во ценовникот.
* Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и локалниот партнер. Во случај на ненајавена промена организаторот не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата. Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот. Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога се однапред дефинирани / објавени, или има доплата за истите.
* Помошните кревети се речиси секогаш со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен лежај/кревет (најчесто кога децата имаат бесплатно сместување), и во истите децата го делат лежајот со возрасните патници.
* За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / представникот на групата. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се смета од 14:00 час од денот на важоста на аранжманот, најдоцна до 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од саатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14:00 час / последниот ден по 12:00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.
* Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на одредени содржини поради објективни околности.
* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк. Аурора Турс не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување. "

Програма

1. ден СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на групата на аеродромот во Скопје 2 часа пред предвиденото време за лет. Директен лет за Хургада. Пристигнување на аеродромот во Хургада, средба со претставниците на агенцијата и трансфер со автобус до резервираниот хотел. Превземање и сместување во собите според хотелски правила (по 14:00 часот).
од 2 до 6/9/10 ден ХУРГАДА Денови за одмор и уживање во убавините на Црвеното Море со престој во хотели (со услуги по сопствен избор од каталогот) лоцирани во туристичките хотелски зони на Хургада. Можност за факултативни екскурзии во организација на локалната партнер агенцијата (крстарење со брод; нуркање; пустинско сафари; посета на Луксор и / или Каиро, итн...).
7/10/11. ден ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите до пладне, односно според правилата на хотелот по што завршуваат хотелските пансионски услуги. Слободно време за индивидуални активности до заминување на аеродромот во Хургада во вечерните часови. Предавање на багажот два часа пред полетување. Директен лет за Скопје. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (нраеднит ден).