Локација: Хотелот Макпетрол се наоѓа во прекрасен шумски амбиент со извонредно уредено опкружување, позиција и поглед кон Охридското Езеро. Недалеку е од Градот Струга и на 10 километри од Охридскиот аеродром.
Сместување : Хотелот располага со 46 двокреветни соби и три апартмани. Сите соби се климатизирани, со тоалет, телефон, мини бар, сателитска ТВ и тераса со поглед кон Охридското Езеро.. Во апартманите има и џакузи, мини бар, мини кујна и приклучок за интернет.
Содржини: ресторанот со капацитет од 300 седишта, аперитив барот, банкет салата, летната тераса и летниот ресторан со 150 седишта. Располага со сопствен паркинг
Спорт и забава: Базени и рекреативни спортски терени.
Плажа: Сопствена плажа