Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Long Beach Resort
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќи цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот се наоѓа на окулу 20км од центарот на Хургада и 14км од аеродромот. Излегува на сопствена пространа песочна плажа со должина од 1.200м. Мал дел од плажата е со корален гребен додека останатиот дел е плиток и повгоден за бањање.

 

Соби: Овој огромен хотелски комплекс се состои од 912 соби распределени во 2 дела - главна зграда и анекс вили. Наша препорака за сместување се собите во главна зграда бидејќи се блиску до сите содржини, меѓу кои базените и плажата. Сите соби во Long Beach Resort имаат купатило, фен за коса, клима уред, минибар, сеф, балкон/веранда/тераса/прозор.

 

Содржини: 2 главни ресторани и A La Carte ресторан, 5 барови, дискотека, бесплатен WIFI на лоби, менувачница, продавница, итн.
 
Спорт и забава: На гостите во хотелот на располаѓање им се 6 надворешни базени (од кои 2 се загреваат во зима), аква парк со 7 тобогани, базен за деца, детско игралиште, фитнес центар со сауна џакузи и простории за масажа. Во склоп на хотелот има и нуркачки центар како и разни други моторизирани или немоторизирани спортови на вода. Пешкири за плажа, лежалки и чадори за сонце на гостите им се достапни бесплатно покрај базенот и на плажата.