Локација:Хотелот се наоѓа на 500 метри од гондолата, до која е организиран трансфер со хотелски минибус и 800 метри од центарот на градот стариот (етно) дел.
Соби:Хотелот има вкупно 294 соби и апартмани. Сите соби имаат бања (туш / тоалет), фен, сателитска ТВ, телефон и мини бар. Семејните соби се малку поголеми во и имаат опремена кујна, додека апартманите покрај кујната имаат една посебна спална соба.
Хотелски капацитети:Покрај главниот ресторан, хотелот располага со етно ресторан и лоби бар. Сеф е на располагање на рецепција и Wi-Fi е достапно во лобито. Гостите можат да го користат СПА центарот, реновиран во 2016 година, кој вклучува: базен, фитнес центар, сауни, парна бања, простории за масажа и џакузи. Хотелот располага со паркинг и просторија за ски опремата.
Цената вклучува:Употреба на базен, сауна, парна бања, фитнес центар, ски-центар, паркинг, Wi-Fi и трансфер до гондолата.