Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
LIMAK ATLANTIS DE LUXE HOTEL & RESORT
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќи цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот е лоциран во областа Белек, 45 км од центарот на Анталија и 35км од аеродромот.
Сместување: Вкупен број на соби 375. Има 209 соби во главната зграда и 166 соби во Ресорт зградата. Во главната зграда 148 стандардни соби (30м2 макс.2+1 лица), 24 екстра стандардни (макс.3+2 лица), 10 дуплекс соби (макс. 4 лица), 8 фамилијарни соби (45м², две спални одвоени со врата, две купатила, макс.2+2 лица), 2 суит соби и 7 суит соби со Џакузи. Ресорт зграда: стандардни соби 32 (35m2, макс.2+1 лица), екстра стандардни соби 52 (макс.2+2 лица), фамилијарни соби 16 (две спални одвоени со врата, две купатила, макс. 4лица), Де лукс фамилијарни соби 81 (две спални не се одвоени со врата, две купатила). Сите соби се со балкон, поглед на море или градина, купатило со када и туш, фен, централна клима, телефон, тепих на под, сеф, мини бар, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет, балкон.
Содржини: Главен ресторан Pinea, шведска маса, A’la Сarte ресторани: Dynasty (Турска кујна), Laila (Италијанска кујна), El Saguaro (Мексиканска кујна), Poseidon (рибен ресторан), Tandori (индиска кујна), барови на различни локации околу хотелскиот комплекс. Шопинг центар, фризер, доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, салон за убавина и SPA центар, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри дополнително се наплатуваат. WI-FI бесплатно.
Спорт и забава: Отворен базен со одвоен базен за деца, затворен базен, лизгалици на вода, фитнес центар, сауна, Турска бања, џакузи, тениски игралишта, осветлување на тениски игралишта, пинг понг, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, немоторни водени спортови не се наплатуваат. Опремата за тенис, часови по тенис, куглање, моторните водени спортови, масажа, Wellness & SPA центарот се наплатуваат. Забавна програма преку целиот ден, натпревари покрај базен и на плажа, шоу програма навечер. Мини клуб за деца со професионален тим во текот на денот и рано навечер.
Плажа: Песочна приватна плажа со пешкири, лежалки и чадори за сонце кои не се наплатуваат. Павиљоните на плажа се со претходна резервација и се наплатуваат.