Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
La Blanche Island Bodrum
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Сместен е на сoпствен полуостров во близина на Guvercinlik, на 17 км од аеродромот Бодрум и на околу 26 км од центарот на градот. Хотелот е отворен во 2014 година и се наоѓа на површина од 82.000 м2.

Сместување: Хотелот се состои од две петкатни згради и има 512 соби. Сите се елегантно украсени и содржат клима уред, сателитска ТВ, телефон, сеф, интернет, мини бар, фен, балкон или тераса. Стандардните соби се со големина од 26 м2 и имаат поглед кон копно или море. Во нив можат да се сместат максимум 3 лица. Од 262 стандардни соби, 7 се наменети за лица со посебни потреби. Superior собите се со големина од 31 м2 и можат да соберат до 4 лица и има вкупно има 131 Superior соби. Familly собите се со две соби одделени со врата, со површина од 37 м2, за максимум 4 лица, и има вкупно 11 Family соби.

Хотелски содржини: Понудата на ресортот  вклучува голем број угостителски објекти - главен ресторан, 6 a la carte ресторани, 5 бара и пекари, каде што можете да уживате во разни турски и интернационални специјалитети во текот на денот и ноќта. Со доплата се следните услуги: доктор на повик, продавници, фризер, сервис за перење и пеглање, хемиско чистење.

Спорт и забава: Гостите имаат на располагање отворени и затворени базени, Спа центар,сауна, турска бања (амам), теретана, аеробик, аквабик, тениско игралиште, пинг-понг, пикадо, анимации. За децата има мини клуб, бројни анимации и активности, детски базени и игралиште, масажи и третмани за лице и тело.

Плажа: Плажата е песочна-камчеста, со понтон. Лежалки, крпи, чадори за сонце, душеци и бар на плажа им се достапни на гостите бесплатно.