Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
KAMELYA SELIN
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот се наоѓа на 55 км од аеродромот во Анталија, на 5 км од Сиде. Изграден е во 1992 година и е реновиран во 2008 година .Зафаќа површина од 240.000 м2.


Плажа: Хотелот има  приватна, песочна плажа. Лежалките, чадорите за сонце, пешкирите за плажа и душеците се бесплатни за гостите на хотелот.


Сместување: Хотелот има вкупно 308 соби  кои се разместени  во главната зграда, куќите на плажа и terrace куќи. Секоја соба има: бања, фен за коса, сателитска ТВ, централен клима уред, балкон или тераса, телефон, сеф кој е бесплатен, мини бар , безжичен интернет  бесплатен во главната зграда.


Содржини: Хотелот има главен  и 5 А’la carte ресторани, 5 конференциски сали (20-600 лица), 7 бара, 2 надворешни базени, затворен базен, аква парк со 6 тобогани, 3 фудбалски игралишта, 5 тениски терени, теретана, парна соба, сауна, турска бања, џакузи, аеробик, аквабик, одбојка на плажа, кошарка, боч, мини голф, пикадо, пинг-понг, диско, музика во живо, анимација, детски базен со 2 водени тобогани, детско игралиште, детско мени, 2 детски клуба (мини 4-12 и јуниор 13-17 години), мини зоолошка градина. Со доплата се следните услуги: доктор, масажа, спортови на вода, сурфање , интернет кафе, видео игри, билјард, спа центар, куглање , осветлување тениски терени, тениски часови, изнајмување на опрема за тенис, хемиско чистење.
 

Забелешки

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.

» Аеродромски такси.

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.

» Организација на програмата.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.

» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување.

"EARLY BOOKING" АКЦИЈА за резерваци направени до 10.Мај:

» Резервирај за само 35 еур!

Резервации во "Early Booking" може да се прават со уплатен (нерефундабилен) аванс од само 35еур по лице; 30% од износот треба да се уплати најдоцна до 10.Мај; додека преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување.

» Плати 50% - користи 5% попуст!

За уплата при резервација во висина од најмалку 50% од вкупниот износ - ќе се одобри дополнителен попуст од 5%

» Плати се - користи 7% попуст!

За резервации со целосна уплата - ќе се одобри дополнителен попуст од 7%

 

Во случај на позитивен ПЦР тест пред поаѓање, ништо од уплатениот износ за резервација не пропаѓа, односно ќе може да се користи во наредна прилика - во договор со агенцијата. 

Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. "

ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА АУРОРА ТУРС СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА

* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк. Аурора Турс не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување. 

Програма

 

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА

Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)

2 - Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ

Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ

Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.