Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Blue Dreams Resort
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот се наоѓа на 23км од аеродромот, 10км од центарот на Бодрум, во областа Torba. Зазема површина од 60.000м2. Хотелот има една троспратна главна зграда и комплекс двоспратни и троспратни бунгалови.

Соби: Сите соби имаат купатило со туш, фен, клима уред, мини бар (вода на денот на пристигнување), сеф, телевизор, телефон, некои имаат балкон или тераса.

Содржини: Хотелот располага со главен ресторан, 7 барови, 4 а la cart ресторани, (турски, рибен, италијански и кинески), 3 надворежни базени, 4 водени тобогани, лежалки и ладори за сонце покрај базените, внатрешен базен, wi-fi, сувенирница, конференциска сала, услуги за хемиско чистење. За релаксација и опуштање има спа центар, сауна, масажа (со доплата) и турска бања.

Спорт и забава: За спортување и забава на гостите хотелот нуди пинг понг, часови по нуркање (со доплата), спортови на вода (со доплата), тениски терен, одбојка на плажа, теретана и кошарка. За најмалите има игралиште, детски базен и мини клуб.

Плажа: Хотелот има сопствена песочно-камчеста плажаи понтон. Лежалките, чадорите за сонце и пешкирите се бесплатни за гостите на хотелот.