Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
KAILA BEACH HOTEL (EX KATYA )
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Градски хотел на прва линија од плажа кој нуди квалитетна услуга и овозможува квалитетно сместување, со одличен сооднос цена - квалитет. Нашата агенција го препорачува овој хотел.

 

Локација: Хотелот се наоѓа во регинот Оба, оддалечен на само 3км од центарот на Аланија и 135км од аеродромот во Анталија. До 2019 беше познат како хотел "Katya", а сега целосно реновиран и ребрендиран во "Kaila Beach". Завзема вкупна површина од 8.600 m².

Плажа: Располага со сопствен дел од плажата Кејкубат, која е преку пат од хотелот и до неа води обезбеден подземен премин. Лежалките и чадори се бесплатни за гостите на хотелот, како и пешкирите за плажа. Плажата е мешавина од песок и камчиња. Познатата Клеопатра Плажа е оддалечена окулу 4км.

Сместување: Хотелот располага со 360 соби распределени во 3 одвоени хотелски згради. Стандардните соби се со површина од окулу 28 m² (макс. сместување 2возрасни + 2 деца) и имаат два стандардни одвоени лежаи или еден голем француски лежај, додека дополнителниот кревет е софа или кревет на отварање. Собите имаат купатило, фен, индивидуална климатизација, мини бар (бесплатно само вода), кетлер за чај и кафе, ТВ, телефон, сеф (со доплата), балкон/тераса, wi-fi интернет (бесплатен).

Содржини: Рецепција, главен ресторан, 2 А Ла Карт ресторани (морски и мексикански - со резервација), 3 барови, бар на плажа, аквапарк со 3 тобогани, отворен базен за возрасни, детски базен, затворен базен, фитнес, турска ба ња, игралиште и мини клуб за деца над 4год, анимации… Се доплаќа за сеф, собна услуга, масажи и спа третмани, фризер, билијард, услуга за перење/пеглање, водени спортови, свежо-цедени сокови, увозни пијалоци и се останато што не е дел од хотелскиот All Inclusive концепт.