Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
JUSTINIANO PARK CONTI
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Еден од најдобрите и најпопуларни а сепак ценовно прифатливи фамилијарни хотели во Анталија! Одличен сооднос цена - квалитет! Гарантираме плажа каква што ретко се наоѓа во Турција - огромна, песочна, чиста, покрај залив. Хотел со многу зеленило, богати содржини, квалитетно сместување и услуга.Наша препорака за пријатен фамилијарен одмор!

 

ЛОКАЦИЈА: Хотелот се наоѓа на брегот на прекрасното сино море во Аланија, со долга сопствена песочна плажа. Хотелот е оддалечен од центарот на Аланија на 35 км. и на 90 км. од аеродромот во Анталија.

СМЕСТУВАЊЕ: Прекрасно уредени соби со модерен мебел и со балкони од кои ќе можете да уживате во погледот кон градината или морето. Започнете го денот со богато бифе за појадок, потоа одморете се на лежалките на плажа од хотелот заедно со сопствената плажа од хотелот, уживајте во сонцето и песочната плажа целиот ден. Хотелот се состои од 507 стандардни соби и 1064 кревети. Хотелот се состои од 7 блока, 31 бунгалови со 2 и 4 спрата.Видови на соби: Bungalow Standard соби: 154 (21 m²); Block Jasmin Standard соби: 110 (24-28m²). Секоја стандардна соба се состои од: балкон, бања (купатило), фен, минибар, туш, телефон, телевизор, безжичен интернет и сеф.

СОДРЖИНИ: Кафулиња и ресотрани кои служат јадења од интернационалната храна по ваш избор. Спа центар и спа услуги кои ќе ве направат да се чувствувате освежено и повторно млади за време на вашиот одмор. Во вечерните часови посетете го и ноќниот клуб во хотелот каде што ќе си поминете незаборавно. Хотелот располага и со надворешен како и внатрешен базен, детски базен и лизгалки, како и детски клуб и игралиште за деца. Во хотелот исто така можете да најдете и 3 A la Carte ресторани (со предрезервација), разни видови на барови, интернет се наплаќа . бадмингтон, стрелаштво, едрење, аеробик.

СПОРТ И ЗАБАВА: Хотелот располага со паркинг, пикадо, билијард, фитнес центар, фризер, ресторан од хотелот, пинг-понг, сауна, аква парк, масажа, турска бања, спортови на вода, нуркање, сурфање, хемиско чистење, фах услуги, разни анимации, ноќен клуб со ДЈ, вечерни анимации и забава, одбојка на плажа, мини зоолошка, гимнастика во вода, мини фудбал, ватер-поло,

ПЛАЖА: Атрактивна и голема приватна песочна плажа, со бесплатни чадори и лежалки.
 

Забелешки

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.

» Аеродромски такси.

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.

» Организација на програмата.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.

» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување.

"EARLY BOOKING" АКЦИЈА за резерваци направени во Февруари:

» Резервирај за само 25 еур!

Резервации во "Early Booking" може да се прават со уплатен (нерефундабилен) аванс од само 25еур по лице; 30% од износот треба да се уплати најдоцна до 30.Март; додека преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување.

» Плати 50% - користи 5% попуст!

За уплата при резервација во висина од најмалку 50% од вкупниот износ - ќе се одобри дополнителен попуст од 5%

» Плати се - користи 8% попуст!

За резервации со целосна уплата - ќе се одобри дополнителен попуст од 8%

 

Во случај на позитивен ПЦР тест пред поаѓање, ништо од уплатениот износ за резервација не пропаѓа, односно ќе може да се користи во наредна прилика - во договор со агенцијата. 

Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. "

ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА АУРОРА ТУРС СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА

* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк. Аурора Турс не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување. 

Програма

 

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА

Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)

2 - Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ

Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ

Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.