Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
JUSTINIANO CLUB ALANYA
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Justiniano Club Alanya се наоѓа во регионот Okurcalar. Оддалечен е 33 км од Аланија и 90 км од аеродромот во Анталија.

Сместување:  Вкупниот број на соби е 501 (главна зграда и бунгалови). Сите соби се опремени со бања со када или туш, фен, клима уред,  телефон, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци при пристигнување), сеф, тепих, сателитска ТВ и музички канали, балкон или тераса .

Содржини:  Главен ресторан,  A la carte ресторани (турски ресторан, ресторан за морска храна) со резервации однапред и само еднаш за време на 7-дневниот престој.услуги со доплата: фризер, услуга за перење, интернет , телефон, факс, продавници, изнајмување автомобили. Wi-Fi  мрежа е бесплатна во лобито.

Спорт и забава: Отворен и затворен базен за возрасни и деца, слајдови, одбојка на плажа, пинг понг, фитнес центар, турска бања, сауна, забавна програма во текот на денот, натпревари на базен и плажа, вечерни шоу-програми, отворено кино за деца , мини клуб за деца на возраст од 4 до 12 години. Дополнително се наплаќа: масажа, СПА и салон за убавина, билијард, компјутерски игри.

Плажа: Хотелска приватна плажа со камчиња, со чадори и пешкири што не се наплаќаат.

Забелешки

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.

» Аеродромски такси.

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.

» Организација на програмата.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.

» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување.

"EARLY BOOKING" АКЦИЈА за резерваци направени во Февруари:

» Резервирај за само 25 еур!

Резервации во "Early Booking" може да се прават со уплатен (нерефундабилен) аванс од само 25еур по лице; 30% од износот треба да се уплати најдоцна до 30.Март; додека преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување.

» Плати 50% - користи 5% попуст!

За уплата при резервација во висина од најмалку 50% од вкупниот износ - ќе се одобри дополнителен попуст од 5%

» Плати се - користи 8% попуст!

За резервации со целосна уплата - ќе се одобри дополнителен попуст од 8%

 

Во случај на позитивен ПЦР тест пред поаѓање, ништо од уплатениот износ за резервација не пропаѓа, односно ќе може да се користи во наредна прилика - во договор со агенцијата. 

Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. "

ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА АУРОРА ТУРС СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА

* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк. Аурора Турс не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување. 

Програма

 

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА

Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)

2 - Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ

Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ

Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.