Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Jaz Makadi Oasis Resort
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

JAZ MAKADI OASIS

Локација
Овој хотел изграден во Нубиски стил, се наоѓа во елитниот туристичко хотелски комплекс - Мадинат Макади. Хотелот е на втора линија но располага со сопствен приватен сектор од песочна плажа со гребен за нуркање. Меѓународниот аеродром Хургада е на 35-минути возење.  Ресортот Jaz Makadi Oasis е оддалечен 3 км од аква паркот Makadi Water World со 50 различни лизгалки за возрасни и деца, до каде се стигнува со бесплатен шатл бус кој повеќе пати во текот на денот кружи низ комплексот.

 

Содржини
Базенот, кој е во стил на лагуна има лизгалки и е опкружен со палми и лежалки. Со огромен базен, три барови и врвен опсег на активности погодни за целото семејство, Jaz Makadi Oasis Resort ги задоволува сите критериуми за луксузен одмор. Базенот налик на езеро го зазема централното место и е центар на хотелот.
Ресторанот Ел Хамбра е главниот ресторан и служи доручек, ручек и вечера на шведска маса. Храната е разноврсна а во ресторанот  редовно се организираат тематски вечери, додека акцијата продолжува навечер кога музичари и танчери во живо го одржуваат нивото на енергија високо!
Ел Шамуса Бар нуди пијалоци и закуски покрај базенот. Лоби барот е достапен 24 часа и нуди традиционален чај.

 

Сместување
Jaz Makadi Oasis нуди климатизирани соби со балкон и поглед на базенот и градината.

 

Плажа
Хотелската песочна плажа е на окулу 10 минути пријатно пешачење од Jaz Makadi Oasis. плажата е со постепен песочен влез во вода, а во близина има и корални гребени за оние кои сакаат да нуркаат .Извонредните можности за нуркање го прават заливот Макади многу популарно одморалиште.