Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
IC Hotels SANTAI
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

ЛОКАЦИЈА: Хотелот е сместен во областа Белек на 40км од градот Анталија и 30 км од аеродромот.


СМЕСТУВАЊЕ: Хотелот располага со 464 соби. Стандардни соби 385 (29м², една спална и едно купатило, макс. 2+1 лица), 5 соби за хендикепирани лица (29м², специјално опремени), фамилијарни соби 4 (64м², макс 4 лица-две спални со врата помеѓу нив, дневна, 2 купатила), Kids Suit 4 (49м², макс 4 лица-две одвоени спални со купатило, декорирани за деца), 40 De Luxe вили (60м², макс. 4 лица, собите се на две нивоа, приземје со детска соба, купатило и дневна соба; прв спрат со една спална со француски кревет и купатило, се наоѓа во градина делот), Junior Suit 14 (55-57м², една спална и една дневна со врата помеѓу нив, купатило),  Senior Suit 5 (54м² , една соба и една спална и купатило со џакузи), King Suit 2 (134м², на најгорниот кат од хотелот), Selection Villa 4 (120м²) и King Villa (190м²).
Собите се опремени со купатило со када и туш, фен, централен клима, телефон, мини бар (со сокови, вода и пиво се надополнува секој ден), сеф, сат ТВ и музички канали, балкон или тераса.


СОДРЖИНИ: Јасмин главен ресторант со шведска маса, A’La Carte ресторани: Olivio (Италијанска кујна), Ja La  Peno Contemporary (Мексиканска кујна), Umami Sushi & Asian Restaurant (кујна од Далечен Исток-не е дозволен влез на деца), Fes (Турска кујна), Green Fish (рибен ресторан). Sanck Bars, бар крај базенот, Vitamin Bar, лоби бар и диско клуб бар.
Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет кафе, компјутерски игри, шопинг центар, фризер, rent a car, дополнително се наплатуваат. Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, тениски игралишта, сквош, пинг понг, мини фудбал, одбојка на плажа, мини голф не се наплатуваат. Осветлување на тениските игралишта, Спа и Wellness центар и билијард дополнително се наплатуваат.
Забавна програма во текот на денот за возрасни и деца, наптревари покрај базенот и на плажа. Навечер специјална шоу програма која се менува секој ден во текот на неделата. Мини клуб за деца од 4-12год.


ПЛАЖА: Приватна песочна плажа, пешкири, душеци, чадори за сонце и лежалки се бесплатни.


УСЛУГА: Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ужини во текот на денот, ручек, вечера, доцна ужина, сите домашни и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед, свежо цедени сокови во Витамин барот. Услуги кои не се вклучени во концептот ултра се вклучено: A’La Carte ресторани со претходна резервација, премиум виски, VSOP и увозни коњаци, увозен шамањ, одбрани вина, цигари и собна полуга.
 

Забелешки

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.

» Аеродромски такси.

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.

» Организација на програмата.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

 

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.

» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување.

 

"EARLY BOOKING" АКЦИЈА за резерваци направени до 28.02.2022:

» Резервација со уплата од само 100 еур !

Резервирајте рано со авансна уплата од само 100еур и користете големи попусти за ран букинг!
- Износот на уплатата се однесува на цела резервација (100еур по пријава за аранжман/соба), а не по лице!
- 30% од вкупниот износ на резервацијата треба да се уплати најдоцна до 31.03.2022, додека целиот износ најдоцна 15 дена пред термин на поаѓање. 
- Авансот од 100еур е нерефундабилен, но во случај на отказ пред 31.03.2022, истиот може да се пренамени за друго патување од нашата понуда.

 Плати 50% - користи 5% попуст!

За уплата при резервација во висина од најмалку 50% од вкупниот износ - ќе се одобри дополнителен попуст од 5% 

» Плати се - користи 7% попуст!

За резервации со целосна уплата - ќе се одобри дополнителен попуст од 7% 

 

Во случај на позитивен ПЦР тест на патник пред поаѓање, ништо од уплатениот износ за резервација не пропаѓа, односно ќе може да се користи во наредна прилика - во договор со агенцијата. 

Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. "

ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА АУРОРА ТУРС СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА

* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк. Аурора Турс не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување. 

Програма

 

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА

Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)

2 - Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ

Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ

Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.