Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
IC Hotels Green Palace
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

ЛОКАЦИЈА: Хотелот се наоѓа во областа Кунду, 25км од центарот на Анталија и 15км од аеродромот.

СМЕСТУВАЊЕ: Вкупен број на соби 429. Стандардни соби 379 (26м², 2+1 лица), 29 фамилијарни соби (52м², 2+2 лица, една дневна, две спални соби, две купатила), 12 јуниор суити (33м², 2+1 лица, една спална соба со брачен кревет, софа и дел за седење, едно купатило), 5 соби за хендикепирани лица (26м², специјално дизајнирани), 1 детски суит (52м², две одвоени спални со купатило), 2 King суити (131м², една дневна соба, две спални, едно купатило со џакузи и уште едно со када) и еден Претседателски суит (213м², на најгорниот кат од хотелот, две спални, една спална за послугата, дневна со дел за ручање и дел за работа, едно купатило со џакузи и уште едно со када ). Сите соби се со поглед на море или градина, со балкон или тераса, купатило со када и фен, централна клима, телефон, мини бар (безалкохолни пијалоци, вода и пиво се дополнуваат секој ден), сеф, тепих на подот, сателитска ТВ и музички канали, интернет конекција. Гостите од King суитите и од Претседателскиот суит имаат ВИП концепт (бесплатен трансфер до аеродром, експресно пријавување и одјавување од хотелот, секојдневно дополнување на мини барот, корпа со овошје, џус, увозно пиво, кафе и чај, два пати во денот чистење на собата, цвеќе во соба, собни папучи, бањарка, пешкири за на плажа, перална, безжичен интернет).

СОДРЖИНИ:  Jasmine-главен ресторант-шведска маса, Sunset snack bar за ужина, 6 A’la Carte ресторани: Cavalli (Италијанска кујна), Casa Mexicana (Мексиканска кујна), Canton Chinese (Кинеска кујна), Sushi Japanese (Јапонска кујна), Fes (Турска кујна), Green Fish (ресторан за морска храна), барови на различни локации околу хотелскиот комплекс, IC café, IC Cream world, Free Zone диско клуб. Телефон, факс, шопинг центар, фризер, доктор, чување деца, сервис за перење и пеглање, internet café, компјутерски игри, rent a car, се наплаќа. Отворен и затворен базен, базен за деца, лизгалици на вода, фитнес центар, сауна, Турска бања,
СПОРТ И ЗАБАВА: Хотелот располага со  тениски игралишта, сквош, мал фудбал, мини голф, одбојка на плажа, пикадо не се наплаќа. Спортови на вода, осветлување на тениски терени, опрема и часови по тенис, масажа, Спа и велнес центар, билијард, куглање, школа за нуркање се наплатуваат. Забавна програма преку целиот ден за возрасни и деца, натпревари покрај базенот и на плажа. Специјален шоу програм навечер кој се менува секој ден. Мини клуб за деца од 04-12 год секој ден од 10.00-22.30ч.

ПЛАЖА: Песочна хотелска плажа, со пешкири, чадори за сонце и лежалки кои не се наплатуваат.
 

Забелешки

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.

» Аеродромски административни такси (40еур по лице / 20еур за бебе под 2години).

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.

» Организација на програмата.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

» Оброк / пијалок во авион за време на летот.

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

 » Рано пријавување (Early Check Inn) или касно одјавување на собите (Late Check Out) - предмет на расположливост со можност за доплата на услугите на лице место во договор со одговорни служби на рецепција.

 

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

» Директно во нашите канцеларии
» Во кеш со денарска уплата
» Безготовински со платежна картичка (Visa, Master, Maestro, Diners)
» Електронски (онлајн) преку веб страна.
» Електронско плаќање со платежни картички, брзо и безбедно.
» Банкарски трансфер на некоја од нашите сметки.
» НЛБ, Халк, Стопанска, Комерцијална
» Преку партнерската мрежа од агенции (субагенти).
» Преку административна задршка од плата.
» за компании, институции и синдикати со кои агенцијата има склучено договор.


» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.

» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување.

EARLY BOOKING АКЦИИ за резерваци направени до 31.01.2024:

Резервирајте рано и користете големи попусти за ран букинг но и дополнителни поволности!

АКЦИЈА 1: Резервација со вкупна уплата од само 100 еур !
» Износот на уплатата се однесува по резервација (соба);
» 30% од вкупниот износ на резервацијата треба да се уплати најдоцна до 28.02.2024, додека целиот износ најдоцна 15 дена пред термин на поаѓање;
» Авансот од 100еур по резервација е нерефундабилен, но во случај на промена/отказ најдоцна до 30дена пред датумот на патување, износот може да се пренамени за друго патување од нашата летна чартер понуда;

АКЦИЈА 2: Резервација со 30% депозит - 5% попуст!

» За уплата при резервација од најмалку 30% од вкупниот износ - се одобрува дополнителен попуст од 5% ;
» Доплата на целиот износ најдоцна 15 дена пред термин на поаѓање;


* ПАТНИ ИСПРАВИ - Патниците на овој аранжман задолжително треба да поседуваат пасош со важност најмалку 6 месеци од датумот на завршување на престојот, како и ваучер за потврда на хотелска резервација и повратна авионска карта. Проверка на валидноста на патната исправа е исклучиво одговорност на патникот. Лица со пасоши кои не се македонски се должни сами да ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси одговорност доколку на патник со некомплетни и/или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.

* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет за ланч пакет или ладен оброк. Организаторот не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување. Наша препорака е да се земаат екскурзии кои ги нуди локалниот претставник или официјални служби во хотелите, а да се избегнуваат непроверени продавачи, диви и улични организатори и сл.

Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. "

Останати Забелешки:
» Организаторот го задржува правото да направи промени во објавените цени и услови на продажба поврзани со оваа програма.
» Обвјавените цени се од динамичен карактер и се со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
» Секој хотел може да има дополнителни услови за наплата, отказ, минимална должина на престој, посебен ден на влез, итн. Ве молиме информирајте се кај Вашиот агент.
» Организаторот не сноси одговорност за усмено дадени поинакви информации поврани со оваа програма.
» Организатор на аранжманот е Аурора Турс.


ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА

 

Програма

 

АНТАЛИЈА Лето 2024 - чартер програма:

 

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА

Состанок на скопскиот аеродром 2 часа пред полетување, или соласно инструкциите обиени од оранизаторот. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)

2 - Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ

Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ

Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.