Локација: Прекрасниот хотел Ibis Styles Bali Benoa се наоѓа во областа Танжунг Беноа во Нуса Дуа, позната област по спортовите за вода и на пешачко растојание од најразвиената, туристичка зона Нуса Дуа. Хотелот се наоѓа на само 3 минути од плажата, и на 5 минути возење од трговскиот центар Bali Collection, а меѓународниот аеродром е оддалечен 12 км од хотелот. До големиот туристички центар и енергичната област Кута, се доаѓа со 25-минутно возење.
Сместување: Хотелот располага со 174 соби и апартмани. Сите соби се опремени во едноставен и модерен дизајн, во карактеристичен стил на Ибис хотелите, со разновидни живописни бои и тонови. Сите соби се климатизирани и се опремени со LCD телевизор со сателитска ТВ, приватна бања со туш, електричен бокал, мини-бар, бесплатен Wi-Fi интернет пристап и сеф. Некои од собите имаат и приватен балкон.
Хотелски содржини: Хотелот располага со ресторан The Ocean Restaurant во кој се служи интернационална кујна, а во барот покрај базен Splash Pool Bar гостите можат да уживаат во во разновидните пијалоци и коктели. За време на вашиот престој можете да ги користете СПА центарот со услугите за масажа и сауна. На гостите им се на располагање и фитнес центар, базен, паркинг, менувачница, рент-а-кар сервис, бизнис центар. Хотелот има надворешен базен опремен со лежалки и чадори, бар покрај базен, сопствена плажа.
Плажа: Хотелот Ibis Styles Bali Benoa се наоѓа на само 3 минути од плажата.