Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
IBIS STYLE BENOA
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќи цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Прекрасниот хотел Ibis Styles Bali Benoa се наоѓа во областа Танжунг Беноа во Нуса Дуа, позната област по спортовите за вода и на пешачко растојание од најразвиената, туристичка зона Нуса Дуа. Хотелот се наоѓа на само 3 минути од плажата, и на 5 минути возење од трговскиот центар Bali Collection, а меѓународниот аеродром е оддалечен 12 км од хотелот. До големиот туристички центар и енергичната област Кута, се доаѓа со 25-минутно возење.


Сместување: Хотелот располага со 174 соби и апартмани. Сите соби се опремени во едноставен и модерен дизајн, во карактеристичен стил на Ибис хотелите, со разновидни живописни бои и тонови. Сите соби се климатизирани и се опремени со LCD телевизор со сателитска ТВ, приватна бања со туш, електричен бокал, мини-бар, бесплатен Wi-Fi интернет пристап и сеф. Некои од собите имаат и приватен балкон.


Хотелски содржини: Хотелот располага со ресторан The Ocean Restaurant во кој се служи интернационална кујна, а во барот покрај базен Splash Pool Bar гостите можат да уживаат во во разновидните пијалоци и коктели. За време на вашиот престој можете да ги користете СПА центарот со услугите за масажа и сауна. На гостите им се на располагање и фитнес центар, базен, паркинг, менувачница, рент-а-кар сервис, бизнис центар. Хотелот има надворешен базен опремен со лежалки и чадори, бар покрај базен, сопствена плажа.


Плажа: Хотелот Ibis Styles Bali Benoa се наоѓа на само 3 минути од плажата.

Забелешки

Цената е во тотал за селектираниот хотел и број на лица сместени во основен тип на соба. Истата вклучува  повратен трансфер од аеродромот на Бали до хотелот, асистенција од локалниот партнер, сите туристички и административни такси.

 

Дополнително цените вклучуваат неколку придружни екскурзии на Бали:
- 3 екскурзии за престој од 7-11 ноќи (2 целодневни и 1 полудневна)
5 екскурзии за престој од 12-14 ноќи (3 целодневни и 2 полудневни)  

 

Во цените не се вклучени авионските карти до Бали - за понуда на авионски карти или конкретна пакет понуда Ве молиме контактирајте не.

За празнични периоди (Нова Година, Божиќ, итн.) можни се дополнителни доплати кои не се вкалкулирани во цена.

Програма

1.ден: Пристигнување на аеродромот во Денпасар на Бали. Трансфер до избраниот хотел. Пријавување во хотел и превземање на соба согласно хотелски правила.

Денови на престој: Слободно време за уживање, одмор и индивидуални активности. Вклучени неколку бесплатни екскурзии чија реализација се договара со локалните претставници.

Последен ден: Напуштање и одјавувањ на собите согласно хотелските правила. Организиран трансфер до аеродромот на Бали за повратниот лет.