Локација: Хотелот Клуб А е сместен во самиот центар на Копаоник,точно преку патот од Конаците и плоштадот, на 100м од најблискиот скилифт.
Соби: Има вкупно 91 соба и 2 апартмани, сите опремени со купатило со фен за коса, телефон, ТВ, сеф и мини бар. Бесплатен Wi Fi интернет е достапен во сите соби и хотелски простории.
Содржини: Гостите може да користат неколку ресторани/барови - главен ресторан, а ла карт ресторан, аперитив бар и пиано бар. Хотелот располага со сопствен атрактивен СПА центар со застаклен базен, џакузи, сауна и соба за масажа. Во состав на хотелот има и продавница, фризерски салон, детски клуб, ски остава, паркинг (со доплата).
Ковид-19 забелешки:
Во случај гостинот да е спречен да ја користи резервацијата заради Ковид-19, хотелот го задржува павото да наплати пенали под следните услови:
* Доколку позитивен ПЦР тест на име на клиентот кој ја откажува резервацијата е доставен 14 или повеќе дена пред почеток на престојот, хотелот нема да наплати пенали, односно ќе го рефундира клиентот..
* Доколку позитивен ПЦР тест на име на клиентот кој ја откажува резервацијата е доставен помалку од 14 дена пред почеток на престојот, на клиентот ќе му биде издаден вредносен ваучер кој ќе може да биде искористен за сместување во хотелот до 27.12.2021