Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Hotel Aqualina
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотел Аквалина се наога во туристичката населба Св.Стефан оддалечен 6 км од центарот на Охрид на регионалниот патен правец Охрид- Св.Наум.Комплексот на хотелот се наоѓа на самиот брег на Охридското езеро опкружен со пространство на бистра езерска вода од една страна и бескрајна зелена шума од националниот парк Галичица од друга страна. Ваквата местоположба Ви дава можност да поминете незаборавен одмор во стилот на модерното опкружување.

Сместување: 1 Апартман со сауна, 6 соби со сауна и француски лежај ,7 соби со џакузи и француски лежај, 64 двокреветни соби,6 трокреветни соби.Сите соби се опремени со ЛЦД ТВ , кабловска телевизија,телефон,WI-FI ,купатило,фрижидер,услуга во соба

 

Содржини : Хотел Аквалина располага со сопствен ресторан со околу 220 седишта погоден за фамилијарни веселби , крштевки, родендени и свадби. Во склоп на хотелот работи и летна тераса која ви овозможува прекрасен поглед кон езерските бистри води.Врвните специјалитети кујната ке ви овозможат еден пријатен и незаборавен одмор.Хотел Аквалина располага со повеке сали и простории за одржување на конгреси,симпозиуми,семинари и бизнис средби, сопствен паркинг кој е бесплатен за нашите гости.

 

Спорт и забава:Хотел Аквалина располага со 2 спортски терени комбиниран за мал фудбал,кошарка, ракомет, тенис, одбојка,и еден терен за голем фудбал.Терените ги задоволуваат потребите за одржување на секакви спортски приредби,а особено идеални за припреми на спортски екипи.

 

Плажа:Хотел Аквалина располага со соптвена плажа. Во склоп на плажата работи и бар со капацитет од 100 седишта каде во секое време на денот може да се освежите со алкохолни и безалкохолни пијалоци со звуците на тивка и пријатна музика.Плажата е опремена со лежалки и чадори за сонце.Плажата во летниот период е комплетно покриена со професионални спасувачи на вода.