ЛОКАЦИЈА: Хотелот е лоциран во областа Kızılağac на 10км од
Манавгат и 65км од аеродромот во Анталија.
СМЕСТУВАЊЕ: Вкупен број на соби 252. Делукс соби, (28m², една
спална соба, едно купатило, макс. 2 лица), Superior соби (36m², две спални соби
одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица), Junior апартман (една спална
соба, една дневна соба, едно купатило, макс. 2 лица), Делукс апартман (45-64m²,
една спална соба, една дневна соба, џакузи, макс. 2 лица), Премиум апартман и 6
соби за хендикепирани лица. Сите соби се со купатило со када и туш, фен,
централна клима, телефон, мини бар (се дополнува со вода, безалкохолни пијалоци
и пиво секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитски LCD TV
и музички канали, ламинат на подот, балкон. WI – FI интернет конекција е
бесплатна.
СОДРЖИНИ: Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани
– Lalezar – Турска кујна, Cielo A’la Carte – морска храна, Tanuki – кујна од
Далечниот исток, барови околу целиот хотелски комплекс, Диско клуб. Доктор,
бебиситер, фен, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, услуги за перење и
пеглање, продавници и рент а кар не се вклучени во цената. WI-FI интернет
конекција е бесплатна.
СПОРТ И ЗАБАВА: Внатрешни и надворешни базени за возрасни, лизгалици
на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, одбојка на плажа, тениски терени,
пинг понг. НЕ Е ВКЛУЧЕНО: спортови на вода, салон за убавина, масажа,
осветлување за тениски терени, опрема и часови по тенис, билјард, куглање,
компјутерски игри. Забавни програми со професионален тим во текот на денот и
шоу програми во вечерните часови.
ПЛАЖА: Хотелска приватна плажа, песочна со камчиња, лежалки,
чадори и пешкири на плажа се бесплатни. Приватни павиљони со претходна резервација
и доплата.